„Замени и засади“ – КБ Прво пензиско друштво АД Скопје прослави 18 години постоење (фото)
- Детали
- понеделник, 29 мај 2023
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје во мај годинава одбележува 18 години како дел од реформираниот пензиски систем, а низата успеси ги прослави во неделата (21.05.2023), во Градскиот парк во Скопје на Школка, каде се одржа настанот „Замени и засади”.
На настанот присуствуваа вработени, многу членови, пријатели и соработници заедно со своите семејства. Се одржа и интерактивна претстава за деца на тема екологија, имаше можност да се земе учество во спортски активности – скокање јаже, фудбал, пикадо, хокеј, а присутните уживаа и во музички настап на групата Рингтонс и диџеј Боби Сакс.
„Со овој настан сакавме да одбележиме 18 години постоење на Друштвото, потврдувајќи ја зрелата лидерска позиција на пазарот, а воедно и да ја продолжиме традицијата подигнувајќи ја свесноста на членовите за реформираниот пензиски систем, со поттикнување на еколошките навики кај луѓето, со што заедно ќе придонесеме за здрава и чиста животната средина“ – изјави Сузана Бошковска Златаревска, раководител на Сектор маркетинг и агентска мрежа.
Посетителите на штандовите имаа можност да пополнат формулар за известување на член по пат на електронска пошта, со кој направија промена на начинот на кој што го добиваат својот годишен извештај за пензиска заштеда, што претставува клучна цел на кампањата.
Повеќе од 80 членови се одлучија да ја поддржат оваа активност, за што Друштвото ќе засади по едно дрво. Досега се реализирани три успешни акции за пошумување на различни локации во земјава каде се посадени над 5.200 садници и ова не е крај.
Посетителите добија еко моливи со семе од нане за засадување, како симболика за важноста за животната средина.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229