Жито Маркети стартува голема наградна игра: Чекор до златна добивка - играј и освој злато!

Жито Маркети ја започна годинешната голема наградна игра! Под слоганот „Чекор до златна добивка”, наградната игра за своите потрошувачи компанијата ја стартуваше на 15-ти мај и ќе трае речиси цело лето, сè до 15-ти септември.

zhito-marketi-startuva-golema-nagradna-igra-chekor-do-zlatna-dobivka-igraj-i-osvoj-zlato-01.jpg

Името на наградната игра е внимателно одбрано, како најбрза и најдобра асоцијација на тоа колку малку ќе му биде потребно на потрошувачот за да дојде до вистинско злато – затоа што главните награди се во тежина на еден килограм инвестициско злато! Заедно со овие златни награди, вкупниот награден фонд на “Чекор до златна добивка” е повеќе од осум милиони денари. Наградната игра се спроведува и е дел од активностите во рамките во коишто Жито Маркети слави три и пол децениски јубилеј и успешно работење на домашниот пазар.

Од компанијата велат дека исклучителен поттик за да организираат една голема наградна игра и во оваа година, била одличната реализација и споделените позитивни реакции на потрошувачите за двете наградни игри кои беа спроведени во 2022 година, заедно со 35-тиот роденден што се одбележува годинава.

-35 години домашна, македонска компанија, со 35 години успешно работење, со 35 години секојдневно градење лојалност и взаемна доверба со граѓаните – се одличен повод да се одлучиме и оваа година да организираме една голема наградна игра. Го имаме задоволството и годинава да овозможиме на нашите ценети потрошувачи, но и на оние кои допрва ги осознаваат придобивките од лојалните програми на Жито Маркети, да им понудиме забава при пазарењето и можност за одлични награди во рамките на „Чекор до златна добивка”, - велат одговорните од Жито Маркети.

Вкупниот награден фонд е составен од: 140 Потрошувачки ваучери по 3.000,00 денари; 140 Потрошувачки ваучери по 5.000,00 денари; 20 Телевизори; Три автомобили КИА Рио; и, секако, како врв на наградната игра – пет плочки инвестициско злато од по 100 грама и една плочка инвестициско злато од 500 грама. 

Извлекувањата на добитниците ќе се одвиваат во неколку етапи. Ќе има три извлекувања, по едно секој месец и едно главно извлекување. Првото извлекување ќе биде на 24 јуни, второто на 22 јули и третото на 26 август. Главното извлекување ќе биде на 30 септември 2023 година, при што ќе биде организиран голем настан со забавна програма и гости, на кој ќе се извлекуваат главните награди во тежина од еден килограм злато!

За повеќе информации околу наградната игра, за правилата, за фондот на награди и за сите останати детали, прочитајте на линкот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg