Иџе прв во генералниот пласман од Европскиот шампионат на ридски патеки

Бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија успешно ги совладува предизвиците на Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕHC). Тој и неговиот Hyundai i30 TCR и минатиот викенд доминираа во рамките на FIA European Hillclimb Championship во Португалија.

idzhe-prv-vo-generalniot-plasman-od-evropskiot-shampionat-na-ridski-pateki-01_copy.jpg

Иџе во својата категорија на патеката Rampa Da Falperra за време на Falperra International Hill Climb во Брага го освои првото место, поставувајќи време од 2:12.780, што е и нов рекорд во неговата класа. Ова е втора последователна победа на Иџе на овој шампионат.

„Горд сум што се движиме кон зацртаната цел, три победи од 4 трки. Благодарен сум на поддршката на Видеолотарија, која со години го препознава и поддржува мојот потенцијал. Заедно ќе атакуваме на победа и на следната трка, за две недели во Чешка“, изјави Стефановски.

Моментално бренд амбасадорот на Видеолотарија-Игор Стефановски Иџе, води во генералниот пласман на Европскиот шампионат на ридски патеки. До крај на шампионатот остануваат уште 6 тркачки викенди.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg