Прогласување на победниците на фотоконкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!“ на 21 мај во Дино паркот во Скопје!

На 21 мај 2023 година, со почеток во 12:30 часот, во Дино парк во Скопје ќе се прогласат победниците на фотоконкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!“

proglasuvanje-na-pobednicite-na-fotokonkursot-zaedno-za-klimatska-akcija-potrebna-e-tvojata-reakcija-na-21-maj-vo-dino-parkot-vo-skopje-01.jpg

Свесноста во борбата против климатските промени со градење на сопствени зелени оази на своите тераси и дворови мотивира над 400 граѓани да се пријават на овој награден фотоконкурс, а само тројца од нив ќе добијат една од трите вредни еконагради:

  1. награда – електричен велосипед,
  2. награда – електричен тротинет и
  3. награда  –велосипед.

Пријавувањето на фотоконкурсот официјално заврши на 14 мај и стручното жири ќе има важна задача да ги избере тројцата среќни добитници според поставените критериуми за избор на добитници. Настанот на кој ќе бидат прогласени добитниците и ќе им бидат врачени вредните еконагради ќе се одржи на 21 мај, во 12:30 часот, во Дино паркот во Скопје.

Покрај прогласувањето на победниците, посетителите на настанот ќе имаат можност да дознаат повеќе за значењето на зелената урбана инфраструктура во приспособувањето кон климатските промени, да се забавуваат и да погледнат мала изложба на најдобрите испратени фотографии од зелени катчиња.

Придобивките од зелената инфраструктура се многубројни и значајни за сите нас. Зелената инфраструктура го подобрува квалитетот на животот во урбаните средини и влијае позитивно врз здравјето на луѓето што живеат во градот, овозможува подобар квалитет на воздухот и на водата, ја намалува бучавата, го одржува биодиверзитетот, врши впивање на вишокот дождовни води и ја намалува температурата во градот во летните денови.

Конкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!“ се организира како дел од проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведуван од Центарот за истражување и информирање во животната средина „Еко-свест“, во партнерство со Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), финансиски поддржан од Владата на Шведска. Изразените ставови и мислења се на организациите што го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите и мислењата на  Владата на Шведска.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg