Почна пријавувањето за седмото издание „Вози право, вози здраво“, настанот е закажан за 28 мај

Почнува регистрацијата за најголемиот и најмасовниот настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД - Скопје, кој годинава ќе се одржи на 28 мај (недела). На овој ден, скопските улици во центарот на градот ќе бидат ослободени од автомобили и целосно отворени за сите рекреативци на велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, бебешки колички и други еколошки превозни средства на тркала.  

pochna-prijavuvanjeto-za-sedmoto-izdanie-vozi-pravo-vozi-zdravo-nastanot-e-zakazhan-za-28-maj-01.jpg

Сите што сакаат да бидат дел од овој настан може да се пријават на следниот линк најдоцна до 27 мај, со што ќе добијат стартен број, маичка и можност да освојат вредни награди во лотаријата. Подигнувањето на стартните пакети почнува од 22 мај (понеделник) и ќе трае непрекинато до 27 мај (сабота), односно стартните бројчиња ќе може да се подигнуваат и на неработниот ден 24 Мај. Подигнувањето на бројчињата ќе се одвива пред просториите на Стопанска лизинг, на улица „Македонија“ бр.16, до спомен-куќата на Мајка Тереза, секој ден од 10 до 18 часот.

pochna-prijavuvanjeto-za-sedmoto-izdanie-vozi-pravo-vozi-zdravo-nastanot-e-zakazhan-za-28-maj-02.jpg

Стартот на седмото ревијално возење е од Порта Македонија во 17 часот, од каде учесниците се упатуваат до Градскиот парк каде ќе ги чека освежување обезбедено од организаторот, како и голема забава со музика, вредни награди и бројни изненадувања. Секој учесник кој има стартно бројче учествува во лотарија во која за седмото издание на „Вози право, вози здраво“ ќе се доделат 7 велосипеди за возрасни Specialized, 7 детски велосипеди Specialized, 7 кациги Specialized, 7 Air pods, 7 Garmin часовници, 7 спортски ранци и 7 JBL слушалки. Дополнително, во текот на настанот ќе се поделат и утешни награди, како маици, ТОПСИ торби и шишиња за на велосипед. 

pochna-prijavuvanjeto-za-sedmoto-izdanie-vozi-pravo-vozi-zdravo-nastanot-e-zakazhan-za-28-maj-03.jpg 

Повторно, ова е настан наменет за дружење, забава и промоција на здрави животни навики и чување на животната средина. Затоа на „Вози право, вози здраво“ не се мери времето и сите се победници, а главната цел е да се пренесе пораката за значењето на здравата животна средина, како и намалување на сообраќајниот метеж преку користење на алтернативни средства за превоз кои не ја загадуваат околината.

pochna-prijavuvanjeto-za-sedmoto-izdanie-vozi-pravo-vozi-zdravo-nastanot-e-zakazhan-za-28-maj-04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg