Прва инклузивна штафетна трка „Заедно до целта“
- Детали
- четврток, 18 мај 2023
Ве покануваме во сабота 20.05.2023 година на Школка во Градскиот парк од 11:00 до 14:00 часот да бидете дел од еден прекрасен и инклузивен настан во организација на Здружението Куќа на среќата и MAMA’S, во соработка со Сојузот на спотови на Град Скопје и Хуманитарната организација „Свети Спас“ „Заедно до целта“.
За прв пат во нашата земја а и пошироко ќе се одржи првата инклузивна штафетна трка, нешто ново и единствено, нешто забавно и инклузивно, трка во која ќе учествуваат и лица со попреченост и без нив никој нема да може да стигне до целта.
Трката е од хуманитарен карактер и собраните парични средства ќе бидат наменети за подигнување на инклузивната свест и помош и поддршка на семејствата кои имаат лице со попреченост и иницијативата сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост.
Што имаме на 20ти:
Инклузивна трка.
Инклузивен базар, каде ќе бидат претставени неколку здруженија од различни градови, кои се залагаат за правата на лицата со попреченост, ќе претстават нивни рачни изработки подготвени од вештите раце од децата и лицата со попреченост.
BBQ дел за кој ќе се погрижат Jojo’s бургери кои со производите на MAMA’S ќе ги подготват највкусните бургери.
Музички дел со пеачи од нашата естрада.
Забавен дел со многу награди и изненадувања.
Разни друштвени игри.
Тимовите за трката веќе се создадени и истите се инклузивни, што не радува многу, бидејќи ја добивме подршката од лицата со попреченост и ни ја испратија пораката дека тие се спремни да трчат со нас до целта. Дојдете и бодрете ги сите учесници. Дојдете да се забавуваме и да поминеме едне прекрасен ден.
Времето какво и да одлучивме дека нема да не предомисли и дека без разлика на се нашата цел ќе ја исполниме, а сепак знаеме дека и тоа ќе биде на наша страна :)
Линк од настанот: https://www.facebook.com/events/527621249444785
Се гледаме во сабота.