НЛБ Банка со нови промотивни депозити со атрактивни каматни стапки

НЛБ Банка промотивно воведува нова, атрактивна понуда за штедење, СУПЕР депозити со фиксни каматни стапки до 3,5% за депозити во денари и до 2,5% за депозити во евра, со рок на орочување до 36 месеци.

nlb-banka-so-novi-promotivni-depoziti-so-atraktivni-kamatni-stapki-01.jpg

Понудата се однесува за ново-склучени договори за штедење во периодот од 15 мај до 31 јули, годинава.

Како Банка која ја разбира важноста на штедењето, со оваа промотивна понуда, НЛБ им овозможува на клиентите да ги остварат своите финансиски аспирации, нудејќи им конкурентни каматни стапки и сигурност на нивните влогови.

Отворањето на депозитна сметка во НЛБ Банка е брз и рационализиран процес. Клиентите можат да ја посетат која било експозитура на Банката и да ги искористат придобивките на оваа понуда.

Повеќе детали за промотивната понуда за депозити на НЛБ Банка може да се добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk, во експозитурите или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg