A1 Македонија успешно ја организираше A1SecuriThink - конференција за сајбер безбедност

Скопје,16.05.2023г.- На тема „Заштитете го вашиот бизнис, денеска А1 Македонија беше домаќин на А1 SecuriThink, конференција за сајбер безбедност, на која бизнис заедницата имаше можност да ги слушне најновите трендови и стратегии во дигиталната индустрија за заштита на бизнисите и организациите од сајбер напади.

a1-makedonija-uspeshno-ja-organizirashe-a1securithink-konferencija-za-sajber-bezbednost-01.jpg

Со цел да биде вистински партнер во дигиталната трансформација на економијата и на општеството, воопшто, А1 Македонија за своите деловни корисници ја организираше оваа конференција на која беа презентирани европските искуства во областа на сајбер безбедноста пред се во доменот на заштита од сајбер напади, како и дел од услугите кои А1 ги нуди во своето портфолио.

Kонференцијата ја отвори извршниот директор на А1 Македонија, Методија Мирчев, кој уште еднаш ја потенцираше визијата на А1 Македонија да биде двигател на дигитализацијата на македонското општество и да го поттикне дигиталниот начин на живеење при тоа бизнисите да останат конкурентни, безбедни, да напредуваат и да ги постигнуваат посакуваните резултати.

a1-makedonija-uspeshno-ja-organizirashe-a1securithink-konferencija-za-sajber-bezbednost-02.jpg

„Нашата посветеност во обезбедување пристап до најбрзата мобилна и супериорна оптичка мрежа, да ги понудиме најдобрите можни дигитални ИКТ решенија како и најдобрите решенија за сајбер заштита се препознаени од нашите деловни корисници и затоа низ годините успеавме да изградиме доверлив и партнерски однос. Искрено се надеваме дека богатите содржини што беа претставени на конференцијата од страна на истакнати експерти, нивните сознанија и искуства што ги пренесоа ќе бидат од непроценливо значење за нашите корисници кои пак покажаа огромна заинтересираност за најновите случувања и најдобри практики во сајбер безбедноста. Разбираме дека технологијата може да биде сложена и обемна и затоа нашиот А1 тим експерти се на располагање за да обезбедат поддршка на секој чекор од патот за користење на овие услуги што процесот на имплементација на нашите решенија го прави многу полесен и поедноставен”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

a1-makedonija-uspeshno-ja-organizirashe-a1securithink-konferencija-za-sajber-bezbednost-03.jpg

Пред публиката составена од клиенти од различни индустрии вклучувајќи ги здравството, финансии и технологија, главниот говорник на конференцијата г.Корнелиус Граник, експерт за сајбер безбедност, преку практични примери, во своето излагање ја потенцира сериозноста од сајбер напади и важноста од заштита на компаниите, а со свои презентации пред публиката се обратија и г-ѓа Мари Мала од SentinelOne, г.Томас Снор, од А1 Digital, г.Мартин Либел од А1 Digital И г.Иво Пауновкси од А1 Македонија. 

a1-makedonija-uspeshno-ja-organizirashe-a1securithink-konferencija-za-sajber-bezbednost-04.jpg

На панел дискусијата модерирана од страна на г.Корнелиус Граник, своите ставови и размислувањ ги споделија г.Игор Давчевски од NLB Банка, г.Александар Ристески од ФЕИТ, г-ѓа Сабине Шулц од Acronis, г.Томас Снор, од А1 Digital и Стевчо Ристевски, од А1 Македонија.

a1-makedonija-uspeshno-ja-organizirashe-a1securithink-konferencija-za-sajber-bezbednost-05.jpg

Панел дискусијата опфати теми како што се најдобри практики за спречување сајбер напади и стратегии за одговор на сајбер инциденти.

a1-makedonija-uspeshno-ja-organizirashe-a1securithink-konferencija-za-sajber-bezbednost-06.jpg

Во рамки на конференцијата, беа организирани и посебни презентации на кои посетителите имаа можност одблиску да се запознаат со решенијата за сајбер безбедност што се нудат во портфилото на А1 Македонија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg