Дали е можна иднина без чад?

Светската здравствена организација и натаму ја дефинира употребата на тутунот како водечка причина за морбидитет и смртност во светот, која може да биде спречена. Бројни минати и неодамнешни студии ги документираат негативните здравствени ефекти од чадот од тутунот.

dali-e-mozhna-idnina-bez-chad-01.jpg

Токму поради тоа, борбата против пушењето цигари со цел да се информира и сензибилизира лекарската фела и јавното мислење за штетите и најраспространетите болести поврзани со пушењето, како што се туморите и кардиоваскуларните и белодробните заболувања, мора да биде многу активна и непрестана.

Според податоците на СЗО, постојат најмалку осум милиони добри причини во денешно време да се продолжи да се зборува за пушењето, колку што изнесува бројот на жртви од пушење секоја година во светот (околу 900.000 само од пасивно пушење). Од сите смртни случаи на глобално ниво, околу 74 проценти се резултат на хронични незаразни болести, а пушењето цигари е еден од најзначајните ризик фактори за појава на овие болести. Болестите предизвикани од пушењето, сепак, не се поврзани со никотинот, кој како природна состојка го има во тутунот и кој е високо зависен, но некарциноген, туку со тутунскиот чад.

Што да се прави? Дојде време да се размислува за изградба на иднина без чад за сегашните и следните генерации, со цел дефинитивно да се разбие еден од главните здравствени фактори на ризик и пошироко. Со оглед на фактот дека откажувањето од цигарите оди многу тешко и покрај зголемувањето на цените и други рестриктивни мерки, многу земји се свртуваат кон стратегија за намалување на штетите од тутунот. Се работи за еден вид промоција на употреба на иновативни, помалку штетни алтернативи на цигарите. На овој начин, возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат, ќе продолжат да уживаат во ритуалот кој го сакаат и во никотинот, но со многу помали штети по нивното здравје, а што може да има далекусежни позитивни ефекти по вкупното јавното здравје. 

За сите оние, кои и покрај цврстите и непобитни научни докази за штетноста на пушењето по здравјето, немаат намера да се откажат од цигарите, може да се предложи употреба на електронски тутунски производи што го загреваат тутунот. Со цел да се намали ризикот, во споредба со традиционалното пушење, за кое денес имаме клинички и експериментални податоци, спроведени на луѓе, производите без чад придонесуваат за значително намалување на изложеноста на штетни материи на човечкото тело со намалување на ризикот од болести поврзани со пушењето, во споредба со цигарите на согорување. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg