Каков вкус имаат забавите во Сен Тропе и возбудливите сино-виолетови летни ноќи?
- Детали
- вторник, 16 мај 2023
Кога го замислуваме Азурниот брег често помислуваме на едно летувалиште кое со децении го угостува светскиот џет сет. Станува збор за Сен Тропе, долги плажи и по 30 метри, тиркизно море, прекрасни летни забави и раскош за кои многумина сонуваат.
Можеби не можеме да го посетиме ова монденско место кое го прославува популарната Брижит Бардо во своите филмови или локациите каде Мик Џегер ја запросува својата сакана, но можеме за момент да го вкусиме каде и да сме. Кога помислуваме на Сен Тропе, веројатно сите замислуваме летен вкус на портокал, но во комбинација со нешто егзотично како манго. Токму таков е новиот летен вкус на Вива Фреш соковите – Saint Tropez.
Тимот на Вива, совршено го комбинира омилениот вкус на портокал со манго и за момент нè носи на летните забави на францускиот азурен брег. Летните ноќи пак носат со себе посебна мистика. Тие имаат сино-виолетова боја од сончевите зраци кои оставаат траг на небото и по зајдисонцето. Овие ноќи сите ги помниме по новите пријателства, долгите разговори, убавата музика и неочекуваните пресврти на настаните кои се прераскажуваат долго по крајот на летото. Токму таков, неочекувано вкусен и возбудлив е вториот вкус кој го запознаваме ова лето – Вива Фреш Blue Violet со вкус на рибизла и јаболко.
Новите летни вкусови ќе ви дадат можност да уживате во летото каде и да сте. Со Вива Фреш, Saint Tropez и Blue Violet, летната возбуда ќе може да биде секаде со вас, и на работа, во парк, дома, во двор, на тераса...
Оние кои ги пробале новите вкусови веќе имаат свој фаворит. Ве предизвикуваме и вие да го сторите истото! Додека едни се од тимот на летна дневна забава во Вива Фреш Saint Tropez, другите сакаат да ја вкусат летната ноќ со Вива Фреш Blue Violet. А, има и такви кои едноставно не можат да се одлучат.
За сите нас и вас, Вива Фреш летото, може да започне!