Ремек-делата на Жан-Мишел Баскијат на вашиот зглоб со Swatch часовници
- Детали
- понеделник, 15 мај 2023
Уметничкото патување на Swatch е инспирирано од култните слики на њујоршкиот артист од 1980-тите.
Мај го означува пуштањето во продажба на петтата колекција од Swatch Art Journey 2023 и ја овековечува љубовта на Swatch кон артистите.
Колекцијата Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT е покажување почит кон култниот њујоршки артист кој се осмели да ги премине границите на конвенционалната уметност и помогна да ја претвори уличната уметност во уметност прифатена од критичарите.
Колекцијата го доловува впечатливиот стил на Баскијат и моделите се исполнети со моќни слики и симболи. Секој часовник е посебно ремек-дело и го покажува бестрашниот дух на Баскија.
За кампањата за колекцијата, Swatch ја поврза уметноста на Баскија со денешната глобална скејтерска и BMX култура.
Скејтерот и светски шампион Анди Андерсон и деветкратниот светsки BMX шампион Матијас Дандоис ја покажуваат поврзаноста помеѓу уметноста и спортот, додека позираат на улица со часовниците од колекцијата.
Жан Мишел Баскијат е еден од најпознатите артисти од неговата генерација и нашироко се смета за еден од најважните артисти од 20-тиот век.
Неговата кариера почна во доцните 1970-тите и траеше до неговата смрт во 1988-ма, кога имаше 27 години.
Користењето разни медиуми е важен дел од делата на Баскијат. Неговите слики обично се прекриени со текстови и секакви симболи – зборови, букви, броеви, логоа, дијаграми…
Соработката Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT е достапна од 11-ти мај.
Hollywood Africans by Jean-Michel Basquiat
Овој часовник е инспириран од оригинално дело на Баскија од 1983-та, кое се фокусира на неколку стереотипи во врска со Афроамериканците во забавна индустрија, но и во американското општество.
Ishtar by Jean-Michel Basquiat
Уметничкото дело од 1983-та го носи името на Иштар – месопотамиска божица на плодноста и војната. Комбинацијата од текст и римски броеви на сликата го краси бројчаникот.
Untitled by Jean-Michel Basquiat
Артистот ги потпишувал неговите дела на различни начини. На бројчаникот на овој модел е познатата круна на артистот со дебели црни линии.
Swatch x Jean-Michel Basquiat Triptych
Колекционерите можат да ја набават колекцијата Swatch x Jean-Michel Basquiat Triptych презентирана во специјални кутии. Трите часовници имаат детали кои се разликуваат од другите Swatch x Jean-Michel Basquiat часовници.