Менструалната болка е напорна, но има повеќе начини за нејзино третирање

Топлите облоги, јогата, медитацијата, како и физичката активност можат да придонесат за намалување на менструалната болка. Постои и лек, кој со своето долготрајно дејство успешно ја намалува болката во стомакот и грбот или главоболката, кои се најчести појави при менструалниот циклус.

menstrualnata-bolka-e-naporna-no-ima-povekje-nachini-za-nejzino-tretiranje-01.jpg

Менструалниот циклус е нормална појава кај секоја жена. Првата менструација се јавува во периодот од 10 до 16 години, кога девојчињата влегуваат во една нова фаза од својот живот која популарно се нарекува пубертет.

Тој нов, физички и емоционален развој кај девојките е новитет за сите во семејството. Секој родител/старател треба пријателски и отворено да настапи со своето дете, да биде поддршка во моментите кога девојчето прераснува во девојка, да разговара на таа тема и да го сподели сопственото искуство.

Менструалниот циклус многупати се поврзува и со менструална болка, која различно се манифестира. Најчести симптоми се главоболка, болка во долниот дел од стомакот и грбот. Исто така, кај некои девојки или жени менструалната болка се манифестира и со посериозни симптоми како што се дијареа, гадење и омалаксаност на организмот.

menstrualnata-bolka-e-naporna-no-ima-povekje-nachini-za-nejzino-tretiranje-02.jpg

За олеснување на ваквата состојба постојат повеќе различни, но ефикасни начини за намалување на болката. Топлите облоги и редовниот одмор можат да придонесат за намалување на болката и грчевите во долниот дел од стомакот.

Кај физички активните девојки/жени постојат голем број на дилеми, дали треба да продолжат со спортските активности и за време на менструалниот циклус. Во зависност од болката треба да се димензионираат и физичките активности. Сепак, вежбањето за време на циклус може да ни ја олесни болката и да направи да се чувствуваме подобро. Докажано е дека активноста ја подобрува циркулацијата, а со тоа се намалуваат и менструалните грчеви. Исто така, јогата, медитацијата, како и истегнувањето ги олеснуваат симптомите предизвикани од менструалната болка.

menstrualnata-bolka-e-naporna-no-ima-povekje-nachini-za-nejzino-tretiranje-03.jpg

Во врска со исхраната, за време на циклусот се препорачува разновидна храна, која е богата со магнезиум и витамини Е, B1 и B6.

Во случај на интензивна и континуирана болка, постои лек кој успешно се справува со менструалната болка. Лекот има долготрајно дејство и доволно е да се зема на секои 8 или 12 часа. Ова е особено корисно при менструална болка, бидејќи грчевите обично траат од 12 – 72 часа.

Дознај повеќе на линкот

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg