„Алкалоид“ одбележа јубилеј – 45 години од постоењето на „Бекутан“

„Моите родители го користеа „Бекутан“, јас и мојата сестра го користиме „Бекутан“, јас и мојата сопруга го користиме овој производ“ – нагласи во своето обраќање по повод 45 години од постоењето на „Бекутан“, генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

alkaloid-odbelezhuva-jubilej-45-godini-od-postoenjeto-na-bekutan-01.JPG

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ денеска прослави голем јубилеј - одбележа 45 години на еден од своите најпрепознатливи брендови, колекцијата производи за деца „Бекутан“.

По повод јубилејот во компанијата беше организиран настан на кој се обратија генералниот директор на компанијата Живко Муакетов, Силвија Брајовиќ од СОС Детското село и прим.д-р. Марина Поп Лазарова.

„Денеска би сакал да ви се обратам не како човек кој е менаџер во компанијата, туку како човек кој е родител и татко на четири деца.

Да се биде родител е веројатно една од најважните и најодговорните работи кои можат да му се случат на еден човек.

alkaloid-odbelezhuva-jubilej-45-godini-od-postoenjeto-na-bekutan-03.JPG

Тоа е грижа и посветеност за некој кој живее покрај вас, расте и се развива и треба да порасне во здрава личност.

Од многу непроспиени ноќи, па преку изборот на храната, па сѐ до изборот на козметиката која едно бебе ќе ја добие.

Моите родители го користеа „Бекутан“, јас и мојата сестра го користиме „Бекутан“, јас и мојата сопруга го користиме овој производ“ – рече во своето обраќање Муакетов.

alkaloid-odbelezhuva-jubilej-45-godini-od-postoenjeto-na-bekutan-04.JPG

Тој нагласи дека од 1978-ма година, откако постои кремот за деца „Бекутан“, досега се произведени повеќе од 60 милиони теглички, што е уште еден доказ за квалитетот и традицијата, како и за тоа дека станува збор за производ на кој може апсолутно да му се верува.

Според Силвија Брајовиќ од СОС Детското село, „Бекутан“ е водечки бренд за нега и грижа на малите деца.

„Токму таа грижа за децата нè спои заедно со СОС Детското село. „Бекутан“ најдобро и најквалитетно се грижи за нашите најмили.

СОС Детското село веќе 22 години гради семејства за да може секое дете да расте во грижа, љубов и припадност на одредено семејство.

Од голема важност за нас е потрошувачите на „Бекутан“ да имаат свесност за оваа наша поврзаност којашто резултира во додадена хуманитарна вредност на брендот „Бекутан“ – рече таа и додаде дека со оваа кампања по повод 45 години и самите потрошувачи се дел од заедничката мисија на „Алкалоид“ и „СОС Детско село“.

alkaloid-odbelezhuva-jubilej-45-godini-od-postoenjeto-na-bekutan-02.JPG

Според прим. д-р. Марина Поп Лазарова „Бекутан“ е бренд што асоцира на традиција, квалитет, безбедност, сигурност, ефикасност, но и на иновативност.

„Секогаш кога говориме за одредени ситуации кај детето, портфолиото и производите на „Бекутан“, апсолутно ефикасно и безбедно.

Тие ни користат во надминување на разните заеднички проблеми. Заедничка цел ни е е здраво дете. Здраво дете е среќно дете“ – рече таа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg