За блескава иднина на сите сегашни и идни студенти, студентски пакет со низа поволности од Халкбанк

Инвестирањето во високото образование е една од најважните одлуки што можете да ги донесете во животот. И покрај незаборавните доживувања во текот на студирањето и многуте среќни и возбудливи моменти, студентскиот живот знае да биде и стресен и исполнет со различни предизвици, најчесто врзани за финансиските трошоци за време на студиите.

halk_4.jpg

За да го направи студентското искуство попријатно и попрактично и да им пружи блескава иднина на сите сегашни и идни студенти, Халкбанк креираше специјален студентски пакет на производи наречен „За чиста 10-ка“.

Како банка која постојано води грижа за потребите и барањата на различните категории граѓани, Халкбанк го создаде ексклузивниот пакет услуги што им нуди на студентите низа поволности и бенефиции, со цел да им го олесни секојдневното функционирање за време на студирањето.

Пакетот на производи е наменет за студенти на возраст од 18 до 24 години, а сите сегашни и идни студенти можат да аплицираат онлајн или во најблиската филијала на банката. Сè што е потребно е да поседуваат важечки индекс и лична карта. 

za-bleskava-idnina-na-site-segashni-i-idni-studenti-studentski-paket-so-niza-povolnosti-od-halkbank-02.jpg

Со студентскиот пакет За чиста 10-ка“, секој студент добива Visa PayWave дебитна картичка со која може да повлекува  готовина без надомест на сите банкомати на која било банка во земјата и во странство. Со овој пакет секој студент добива и бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација и бесплатно водење трансакциска сметка.

Со станување корисник на електронското банкарство на Халкбанк достапни се и услугите SmartSend - за лесно префрлување средства, со еден клик, на контакт од телефонскиот именик во мобилниот телефон, SmartCash – за повлекување готовина од АТМ на Халкбанк без употреба на картичка, како и HalkPay - за лесно и безбедно плаќање со мобилен телефон преку дигитализација на платежните картички.

za-bleskava-idnina-na-site-segashni-i-idni-studenti-studentski-paket-so-niza-povolnosti-od-halkbank-03.jpg

Воедно, на сите љубители на динамичниот животен стил, на луѓето кои се постојано во движење, кои спортуваат, практикуваат прошетки во природа и истовремено поседуваат  часовник Garmin, на располагање им е и совршеното модерно решение за бесконтактно плаќање GarminPay со кое се врши брзо, едноставно и лесно плаќање со паметен часовник преку дигитализација на платежните картички од брендовите Visa и Mastercard.

za-bleskava-idnina-na-site-segashni-i-idni-studenti-studentski-paket-so-niza-povolnosti-od-halkbank-04.jpg

Политиката на банката - да одговара на потребите на клиентите, да биде предводник во дигитализацијата и воведувањето иновативни производи во духот на денешното модерно време, како и перманентната грижа за заедницата и животната средина ја прави Халкбанк вистински партнер на иднината.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg