Ја намалува тежината, но и болката во нозете – пешачењето е лек за многу болести
- Детали
- петок, 12 мај 2023
Главни фактори за добивање на хронична венска болест се генетиката, бременоста, обезноста (дебелината). Физичката активност, како што е пешањето можат сериозно да придонесат за здрави вени, но и за зајакнување на целиот имунолошки систем. Постои и лек, кој е на природна основа и на ефикасен начин се справува со хроничната венска болест.
Чувството на тежина и болка во нозете е многу честа појава кај луѓето. Оние, кои имаат статична работа се под поголем ризик да развијат венска болест и да чувствуваат секојдневна болка во нозете. Интензивната работа пред компјутер, лошото седење и држење на телото можат да бидат причина за развивање на хронична венска болест. Статистички гледано жените почесто заболуваат од хронична венска болест отколку мажите, но често се појавува и кај нив.
Дали постои решение? Иако генетиката, како и бременоста имаат важна улога за развој на хронична венска болест, постојат начини за успешно да се справиме со истата и да го намалиме ризикот за нејзин дополнителен развој.
Пешачењето и физичката активност се очигледно лекови за голем број болести на денешницата. Редовните прошетки имаат голема улога при зајакнување на нашите мускули, го одржуваат крвниот притисок, но и придонесуваат за подобар имунолошки систем во целина. Имајќи предвид дека и обезноста (дебелината) е причина за појава на венска болест, пешачењето и физичката активност се секако корисни и добредојдени.
Излезете неколку минути порано од дома и одете пеш до работното место. Искористете ги паузите за да се раздвижите. Направете кратка прошетка (со темпо по Ваш избор) во вечерните часови. Придобивките од овие физички активности ќе бидат многубројни, како за намалување на причините за појава на венска болест, така и за целокупното здравје и обезбедување на подобар сон.
Сепак, ако хроничната венска болест не можете да ја избегнете, постојат веноактивни препарати кои можат да помогнат. Се препорачува лек, кој е од природно потекло, се издава без рецепт и на ефикасен начин се справува со болеста.
Лекот ја намалува болката, чувството на тежина и оток на нозете.
Дознај повеќе: https://www.flebaven.mk/