Традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км годинава собра 1500 професионални тркачи и вљубеници во трчањето

Дарио Ивановски од Македонија со помината делница од 10 километри за 30:22 минути, во машка, и Билсерин Сулејман од Бугарија со време од 36:58 минути, во женска конкуренција, се победници на годинешната трка ХалкЕко Скопје трча 10км која по седми пат се одржа низ улиците на главниот град.

tradicionalnata-trka-halkeko-skopje-trcha-10km-godinava-sobra-1500-profesionalni-trkachi-i-vljubenici-vo-trchanjeto-01.jpg

Организатор на овој спортски настан е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република С.Македонија. Главен партнер на трката и годинава беше Халкбанк АД Скопје која е позната како голем промотор на здрави животни навики и заштита на природата, па во тие рамки и како поддржувач и организатор на низа спортски настани.

ХалкЕко Скопје трча 10км е втора трка во Македонија (после ВизЕр) која се здоби со меѓународен сертификат од АИМС и Светската Атлетика и сите постигнати резултати и норми ќе бидат признаени од овие меѓународни институции.

tradicionalnata-trka-halkeko-skopje-trcha-10km-godinava-sobra-1500-profesionalni-trkachi-i-vljubenici-vo-trchanjeto-02.jpg

Во трката втор на целта во машка конкуренција пристигна Тирон Мамуша од Албанија, додека трет беше Иван Пешовски од Македонија. Во женска конкуренција второпласирана беше Биљана Кираџиева од Србија, а третото место го освои Маринела Цекова од Бугарија. Освојувачите на првите пет места во машка и женска конкуренција добија парични награди, а со дипломи и пехари беа наградени освојувачите на првите три места во возрасните категории: од 35 до 44 години, од 45 до 54 год., и 55+ год.

tradicionalnata-trka-halkeko-skopje-trcha-10km-godinava-sobra-1500-profesionalni-trkachi-i-vljubenici-vo-trchanjeto-03.jpg

ХалкЕко Скопје трча 10км како и секоја година привлече голем број професионални и рекреативни тркачи потврдувајќи дека трчањето како спорт станува сè попрактикуван во земјата. Од фонтаната Лотус пред Градскиот парк, како почетна и завршна точка на трката, долж булеварот Илинден и дел од булеварот Партизански одреди, се натпреваруваа и забавуваа 1.500 учесници, колку и што беа предвидени како максимален број на натпреварувачи, кои ги бодреа многу граѓани долж предвидената траса.

tradicionalnata-trka-halkeko-skopje-trcha-10km-godinava-sobra-1500-profesionalni-trkachi-i-vljubenici-vo-trchanjeto-04.jpg

Трката е уште еден спортски настан поддржан од Халкбанк, како промотор на активности врзани за негување здрави животни навики и зачувување на животната средина, кои се реализираат преку платформа ХалкЕко. Многу спортски настани во изминативе години добија поддршка од банката, а таа самата е организатор на хронометар велосипедската трка Халк Вело Грин која веќе три години се одржува во Маврово на 8 септември.

tradicionalnata-trka-halkeko-skopje-trcha-10km-godinava-sobra-1500-profesionalni-trkachi-i-vljubenici-vo-trchanjeto-05.jpg

Платформата ХалкЕко е развиена од истоимената апликација која ги поттикнува корисниците да ги остават автомобилите и да практикуваат здрав животен стил, придонесувајќи со тоа за намалување на емисијата на штетни гасови CO2 и истовремено за садење нови дрвја. За секоја активност: трчање, пешачење или возење велосипед, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, освојува подароци и други бенефиции, но истовремено обезбедува и дрвја кои Халкбанк презема обврска да ги засади. Банката досега има организирано повеќе акции за зазеленување и пошумување и има донирано над 33.000 садници во земјава.

tradicionalnata-trka-halkeko-skopje-trcha-10km-godinava-sobra-1500-profesionalni-trkachi-i-vljubenici-vo-trchanjeto-06.jpg

tradicionalnata-trka-halkeko-skopje-trcha-10km-godinava-sobra-1500-profesionalni-trkachi-i-vljubenici-vo-trchanjeto-07ѓ.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg