Стресот е причина за главоболка - Да бидеме физички активни

Главоболката предизвикана од стрес е сериозен „аларм“ дека треба да промениме дел од нашите секојдневни навики. Подобрата организација на времето, консумирањето на течности и здрава храна можат да помогнат при намалување на главоболката. Во случај на болка, постои ефикасен лек со брзо дејство.

stresot-e-prichina-za-glavobolka-da-bideme-fizichki-aktivni-01.jpg

Стресот е причина за различни заболувања кај човекот. Стресогената состојба може да биде причина и за појава на главоболка, како една од најчестите болки на глобално ниво. Живееме во динамично време. Честопати сме приморани да извршуваме повеќе работи одеднаш, како на работното место, така и во приватниот живот.

После напорниот работен ден, многумина од нас имаат попладневни активности кои се поврзани со грижа околу децата или пак станува збор за дополнителни приватни обврски. Посетата на курсеви по странски јазици, спортски или музички настани ни помагаат да избегнеме од секојдневната рутина, но понекогаш можат да претставуваат и дополнителен товар.

stresot-e-prichina-za-glavobolka-da-bideme-fizichki-aktivni-02.jpg

Постојаната изложеност на активности и спроведување на однапред одредена дневна агенда може да биде причина за појава на стрес и главоболка. Интересно е што главоболката предизвикана од стрес не може секогаш да се надмине со одмор. Јогата, медитацијата, кратките прошетки и длабокото вдишување се покажале како ефикасни начини за справување со главоболка предизвикана од стрес.

Оттука, тековното практикување на физички активности придонесува за ослободување од стресот, а со тоа се намалуваат и причините за главоболка. Препорачливо е физичките активности да бидат на отворено, на свеж воздух, со цел да го максимизираме ефектот од истите.

Масажата претставува еден од можните начини за намалување на главоболката. Истата ги релаксира мускулите и ја намалува тензијата, која во одредени случаи може да биде прилично интензивна.

stresot-e-prichina-za-glavobolka-da-bideme-fizichki-aktivni-03.jpg

Студените облоги, исто така можат да помогнат за надминување на болката. Сепак, главоболката предизвикана од стрес е сериозен „аларм“ дека треба да промениме дел од нашите секојдневни навики. Тоа подразбира подобро да го организираме сопственото време, да имаме редовен и квалитетен сон, да бидеме физички активни, како и да консумираме што е можно повеќе свежо сезонско овошје и зеленчук.

Ако овие методи за намалување на болката не помагаат или болката е премногу силна, препорачливо е да се земе лек против болка. Важно е лекот да има брзо, долготрајно и противвоспалително дејство.

Дознај повеќе тука

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg