Двапати зголемени плати во 2022 - Вработените секогаш се приоритет во „Макпетрол“

Предизвиците што изминативе неколку години се појавија во секојдневниот живот создадоа многу проблеми за граѓаните, а тие често се чувствуваа дека се оставени сами со нив да се соочуваат. Во тие мигови, поддршката, особено доколку доаѓа од вашата матична компанија, е бесценета, нешто со што дефинитивно би се согласиле членовите на големиот тим на „Макпетрол“ којшто брои речиси 2.000 вработени.

dvapati-zgolemeni-plati-vo-2022-vrabotenite-sekogash-se-prioritet-vo-makpetrol-01.jpg

Како за многу економски субјекти, така и за лидерот на пазарот со нафтени деривати работењето во 2022 година значеше прилагодување на многу предизвици од случувањата на глобален план, но компанијата не отстапи од својот врвен принцип - секогаш да обезбедува поддршка за вработените. Во пракса, ова значеше дека тие во два наврата добија зголемување на платите во вкупен износ од околу 20 отсто.

Дополнително „Макпетрол“ во 2022 исплати нето-износ од 30.000 денари по вработен како новогодишен надоместок, односно за тоа вложи вкупно 64.9 милиони денари. Регресот за годишен одмор беше 33.000 денари нето-износ по вработен, односно 71,79 милиони денари. 

Имајќи ја предвид дејноста со која што се занимава, „Макпетрол“ постојано ги унапредува практиките што ќе обезбедат поголема заштита на здравјето и на безбедноста на вработените. Тоа значи дека на редовна основа се набавува опрема за лична заштита која ги заштитува вработените од ризиците поврзани со здравјето и со безбедноста на работното место.

„Макпетрол“ е голема компанија, но таа е свесна дека секој вработен има извонредно значење во успесите на претпријатието и затоа благосостојбата и можностите на личен професионален развој се во врвот на агендата на Друштвото. Откако ќе станат дел од компанијата, за сите вработени се достапни програми што опфаќаат обуки, курсеви и ротирање на работните места. Сето ова значи дека дури и да сте се вработиле во компанијата со одредена вештина, додека сте дел од неа ќе имате можност да се стекнете и со нови способности со кои ќе можете да извршувате посложени работни задачи, но и да напредувате во кариерата.

Само во 2022 година „Макпетрол“ вложи речиси три милиони денари во едукација на вработените преку организирање обуки што ги извршија надворешни лица и експерти.

Наоѓањето работа никогаш не е лесно, сето ова особено се усложни изминативе неколку години, а поврзувањето со компанија што на секое ниво се грижи за вработените е уште потешко. За „Макпетрол“ сето тоа дефинитивно е приоритет и меѓудругото од тие причини претпријатието беше прогласено за најпосакуван работодавач. Тоа значи дека секоја индивидуа што ќе стане дел од тимот ќе може да се чувствува дека се приклучува на работна средина што е позитивна, што ги штити нивните права и каде што секој може да направи исчекор во професионалниот развој.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg