Македонски Телеком продолжува со раст и фокус на инвестиции во новите технологии во првите три месеци на 2023 година

Во првиот квартал на 2023 година, Македонски Телеком продолжи со стабилен раст во сите сегменти, фокус на новите технологии и зголемување на бројот на корисници во сите сегмени. Приходите од продажбата се зголемени за 3,7 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 2,9 милијарди денари.

makedonski-telekom-prodolzhuva-so-rast-i-fokus-na-investicii-vo-novite-tehnologii-vo-prvite-tri-meseci-na-2023-godina-povekje.jpg

За разлика од 2022 година кога оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA), бележеше пад, во првите три месеци на 2023 таа е зголемена за 5,6 проценти споредено со истиот период минатата година. И нето добивката бележи пораст од дури 33,2 проценти.

Интензивно ширење на оптичката мрежа

Со фокусот на интензивното ширење на оптичката мрежа, сè повеќе се зголемува бројот на оптички пристапи во земјата. Споредено со истиот период во 2022 година, Телеком го зголеми бројот на пристапи до оптика за 11 проценти и сега тој изнесува 281 000. Во март, бројот на корисници на оптика надмина 100 000. Оваа година се планира масовно мигрирање на корисниците од бакар на оптика во поголемиот дел од главниот град, како и во сите делови на државата каде што има оптичко покривање.

Продолжува ширењето и на 5G мрежата, којашто сега е достапна во 27 градови и нивните околини.

Инвестициите во новите технологии ќе продолжат во текот на целата година.

Лидерство на пазарот и зголемување на бројот на корисници

Бројот на корисници продолжи да расте во првите три месеци на 2023 година во сите сегменти. Остануваме лидер на ТВ пазарот со удел од 33,6 проценти и раст од 1,2 проценти или 148 илјади корисници.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 2,8 проценти и изнесува 204 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи исто така порасна за 2,8 проценти.

Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 3,3 проценти, со што бројот на корисници достигна 1,25 милиони. Во фиксната телефонија, остануваме на водечка позиција со удел од 61,2 проценти и 224 илјади корисници.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg