Најголема европска технолошка конференција од 12-14 мај во Штарк арена, Белград

najgolema-evropska-tehnoloshka-konferencija-od-12-14-maj-vo-shtark-arena-01-001.jpg

  • Белград влегува во иднината
  • Цели 4 дена неповторливи технолошки искуства

Најголемиот технолошки настан во Европа, конференцијата Tomorrow која ќе собере над 10 илјади познавачи и љубители на блокчејн и вештачка интелигенција, ќе се одржи во Белград од 12-ти до 14-ти мај 2023 година.

Српската престолнина по вторпат ќе биде домаќин на ваков настан, кој според организаторите претставува неповторливо технолошко искуство, кое во четири дена ќе ги собере светските имиња од областа на вештачка интелигенција (AI), блокчејн, гејминг, Метаверзум и Web3.

najgolema-evropska-tehnoloshka-konferencija-od-12-14-maj-vo-shtark-arena-06.jpgфото: Marko Obradović Edge

Еден месец пред големото отворање, учеството го потврдија над 100 меѓународни признаени говорници и презентери, помеѓу кои е секако важно да се нагласат предавањата кои ќе ги одржат наградуваниот режисер и најпродаваниот автор на Њујорк Тајмс – Иан Халперин, познатиот европски економски експерт Ервин Володер, принцезата на метаверзумот Кристина Јан Занг, додека како регионални технолошки ѕвезди свои презентации ќе имаат коосновачот на ECD Александар Матановиќ, претседателката на Српската блокчејн иницијатива Емилија Вуковиќ и, секако, светски признаениот економист и брокер Владимир Ѓукановиќ.

najgolema-evropska-tehnoloshka-konferencija-od-12-14-maj-vo-shtark-arena-04.jpgфото: Marko Obradović Edge

Овојпат како презентер, шампион во крипто-заедницата, а можеби и најголемиот рокер помеѓу учесниците, Скот Пејџ (член на легендарната група Pink Floyd) е посебна ѕвезда на белградската конференција.

Сепак, ова единствено влегување во нова ера не би било целосно без големи музички и шоу-бизнис ѕвезди, како што е диџејот и изведувач Пол Калкбренер кој, во организација на фестивалот EXIT и конференцијата TMRW, ќе настапи на 12-ти мај во Штарк арена, а овој спектакл е, секако, само една во низата забави кои ги очекуваат сите учесници на собирот.

najgolema-evropska-tehnoloshka-konferencija-od-12-14-maj-vo-shtark-arena-02.jpgфото: Marko Obradović Edge

Белградската, втора по ред Tomorrow конференција, следи по технолошкиот спектакл во Дубаи пред повеќе од 12.000 учесници, одржан во февруари годинава.

Конференцијата беше домаќин на над 80 меѓународно признаени лидери од индустријата кои на бините со најмодерна продукција, зборуваа за најновите трендови од технологијата.

najgolema-evropska-tehnoloshka-konferencija-od-12-14-maj-vo-shtark-arena-05.jpgфото: Marko Obradović Edge

Влезниците за белградската Tomorrow конференција се веќе во продажба по најповолни цени на линкот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg