На млада возраст почиста, посјајна и помазна кожа!
- Детали
- вторник, 02 мај 2023
Како што младите луѓе преминуваат во зрелоста почнуваат да се случуваат многу промени на нивното тело, вклучително и кожата, а со тоа и кај некого се појавуваат акните. За многумина ова е фрустрирачко и болно искуство што може да влијае врз самодовербата и целокупната благосостојба. За среќа денес, достапни се многу ефективни решенија и перспективни колекции кога станува збор за младата кожа.
Едно од нив, е медицинската колекција за млада кожа DermoPure на Еуцерин, што се заснова на обемно истражување и развој, како и 100-годишно искуство во медицинската нега на кожата. Оваа експертиза и овозможува на колекцијата да содржи производи што се специјално формулирани за да се справат со уникатните проблеми на кожата склона кон дамки и акни, да се справат со произведувањето вишок себум, со воспаленијата и формирањето на митисери.
Она што навистина ја издвојува колекцијата DermoPure е поставувањето на темелите на рутината да се негува кожата на младите луѓе. Доколку еден млад човек стекне навика со соодветна козметика за млада кожа да го негува лицето од рана возраст, тогаш проблемите со лицето ќе бидат превенирани и ќе се избегнат некои други несакани појави во зрелата возраст. Како да се постигне тоа? Важно е да се следи редоследот при негата на кожата.
За подобар ефект следете го редоследот на производите:
- Гел за чистење на лицето
- Пилинг
- Тонер
- Серум
- Матирачки крем-флуид
- Третман за дамки (коректор)
Колекцијата ја содржи моќната состојка Licochalcone A со антиинфламаторни својства што помагаат да се смири иритацијата и да се намали воспалението. Салицилната киселина е уште една клучна состојка што помага за митисерите, а патентираната состојка Тиамидол е клинички докажана дека ја намалува појавата на темни дамки и го спречува нивното формирање.
Ова е колекција што претставува голем напредок во третманот и превенцијата на акни. Покрај негата на кожата, со здрав начин на живот и здрава исхрана младите може да ја преземат контролата врз здравјето на сопствената кожа и да постигнат почиста, посјајна и помазна кожа.