Gorenje ви предлага каде да одите за први мај ако сакате да избегнете чад и гужва
- Детали
- четврток, 27 април 2023
Се наближува први мај, кој традиционално се одбележува со скара. Оваа година Меѓународниот ден на трудот се паѓа во понеделник и многумина ќе го комбинираат со викенд и ќе патуваат некаде. Сите што ќе останат дома, најчесто избираат прошетка во природа, некаде во близина на центарот на градот, но гужвата е таа што може да го расипе убавото време.
Меѓутоа, каде да одите ако не сакате да бидете во толпа луѓе и опкружени со чад? Покрај одењето во викендица на пријател, одлична опција може да биде и поминувањето време во вашиот двор во добро друштво, особено затоа што нема да ги „зачадите“ соседите.
Gorenje скарите и контактните грилови се дизајнирани да овозможат печење поголема количина храна во исто време и се совршени за подготовка на скара со вашето семејство или со вашите пријатели.
Дополнителен плус е тоа што не треба да се грижите за собирање маснотии на решетката, бидејќи моделите како Gorenje TG2000LCB се опремени со мал канал во кој се испушта вишокот маснотии. Дополнително, Gorenje скарите и контактните грилови имаат специјална облога која спречува лепење и кога површината ќе се олади по подготовката на храната, многу лесно се чистат.
Термостатот за температура кој лесно се менува овозможува прецизно прилагодување на температурата и совршени резултати при печењето секојпат. Може да се прилагоди на пет нивоа, од 60°C до 250°C.
Краткото време на печење, интензивната и рамномерната топлина и директниот контакт со керамичката површина или горните и долните плочи овозможуваат сите сокови да останат во храната. Храната ќе ви биде сочна и вкусна, а сè ќе биде подготвено многу побрзо.
Покрај тоа што на први мај ќе можете да им посветите повеќе време на семејството и пријателите, Gorenje скарите и контактните грилови добро ќе ви дојдат секој втор ден од годината. На нив совршено може да се подготват риба и зеленчук.
Исто така во богатата понуда на брендот Gorenje можете да најдете помали скари и контактни грилови кои се идеални за правење вафли и други деликатеси или само за печење зеленчук.
Што и да одлучите да готвите, бидете сигурни дека нема да погрешите ако сојузници во кујната ви се апаратите од брендот Gorenje, кој 73 години ни го олеснува животот. Нивниот комплетен асортиман може да го најдете на веб-страницата или во вашето најблиско Gorenje Studio.