Агнеса Органџиева: „Јас заработувам од тоа што ме озборуваат, си го полнам џепчето, а ништо не правам“

Во новото издание на „Нешто конкретно“ тема е озборувањето. Кој како и зошто озборува? Дали тоа го прават сите, но не признаваат? Постојат ли личности на коишто им годи да ги озборуваат и дали е вистина дека може дури и да се заработи ако некој те озборува?

agnesa-organdzhieva-jas-zarabotuvam-od-toa-shto-me-ogovaraat-si-go-polnam-dzhepcheto-a-nishto-ne-pravam-01.jpg

Сите одговори ги добивме од нашите гости Нора Шаќири Марковиќ, Агнеса Органџиева, фотографот Дарио Јанковиќ и адвокатот Тале Арсов.

Ако претходно најозборувани беа јавните личности, денеска со можностите што ги нудат социјалните мрежи сите се на некој начин на тапет, а со самото „рекламирање“ на животниот стил што го живеат луѓето, автоматски материјалот за да бидат озборувани е поголем.

Нора сподели дека еден од нашите новинари ја направил поранешна девојка на Здравко Чолиќ, а трачот станал толку голем што стигнал до Србија, па Нора лично му се претставила на пејачот и се пошегувала со него дека таа е неговата бивша.

agnesa-organdzhieva-jas-zarabotuvam-od-toa-shto-me-ogovaraat-si-go-polnam-dzhepcheto-a-nishto-ne-pravam-02.jpg

Но не сите трачеви можат да бидат прифатени како шега, кога ќе почне да се споменува фамилија, деца тогаш работите стануваат посериозни, а колку често нашите сограѓани тргнуваат правно да ги решат ваквите проблеми ни раскажа адвокатот Тале Арсов.

Од друга страна, Агнеса не се потресува многу кога ја озборуваат.

„Јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето, а ништо не правам“, истакна таа и додаде дека за неа можат што сакаат да зборуваат, но децата не смеат да ѝ ги стават во уста.

agnesa-organdzhieva-jas-zarabotuvam-od-toa-shto-me-ogovaraat-si-go-polnam-dzhepcheto-a-nishto-ne-pravam-03.jpg

Фотографот Дарио Јанковиќ за првпат во нашата емисија зборуваше за политичарот кој што за него зборувал дека е геј.

„Немам ништо против таа популација, но не сакам за мене да се зборува така, не сум имал потреба да се правдам и да се докажувам дека не сум геј, но ми смета за мене да зборуваат така“, искрено говореше Јанковиќ.

„Ако на оговарачите оговарањето им е храна, ќе ги нахраниме... и ручек и доручек и вечера“, се пошегува Агнеса.

Целото издание од емисијата е веќе достапно на YouTube, погледнете го на нашиот канал и дознајте уште многу пикантерии што гостите ги открија за себе, а и за своите редовни озборувачи :-)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg