ИМЕЛ едукативен семинар под мотото „Косата е круна на нашата глава, па ајде да ги носиме нашите круни со самодоверба”

100-тина фризери, бербери и техничари од Македонија и Србија беа дел од интересниот едукативен семинар во организација на компанијата Вертикал Вејв – овластен дистрибутер на професионалниот бренд за коса IMEL Profesional.

imel-edukativen-seminar-pod-mototo-kosata-e-kruna-na-nashata-glava-pa-ajde-da-gi-nosime-nashite-kruni-so-samodoverba-01.jpg

Дел од настанот беше и атеље Ива Спасовска во чии модели беа облечени девојките, на кои им беа правени фризири за различни намени. Севкупно настанот ја славеше женската убавина, и целиот помина вое дна опуштена и пријатна атмосфера.

imel-edukativen-seminar-pod-mototo-kosata-e-kruna-na-nashata-glava-pa-ajde-da-gi-nosime-nashite-kruni-so-samodoverba-02.jpg

„Косата е круна на нашата глава, па ајде да ги носиме нашите круни со самодоверба”, изјави пред присутните професионалниот фризер и техничар Даниел Пауновски.

Тој во своето излагање истакна дека жените се силно осетливи на нивната коса, која секогаш мора да биде во одлична форма! Токму поради тоа професионалните фризери треба да бидат многу внимателни при изборот на козметиката. Таа треба да биде квалитетна, да ја негува косата, на долг рок да влијае на одржување на нејзиниот квалитет. Пропорачливо е да користат производи со хиалуронска киселина кои помагаат косата да постигне максимална хидратација и да се зголеми производството на природен колаген, истакнувајќи ги посебно квалитетите на Имел козметиката.

imel-edukativen-seminar-pod-mototo-kosata-e-kruna-na-nashata-glava-pa-ajde-da-gi-nosime-nashite-kruni-so-samodoverba-03.jpg

Присутните имаа можност за да се запознаат со најновите новитети во негата на косата, со најновите фризерски трендови, да разменат искуство и знаење, и на лице место да видат како работат врвните мајстори.

Како на безбеден начин да се бланшира косата, каков хидроген да се користи, која е разликата меѓу фарбање и бланширање, како до заштита на внатрешната и надворешната структура на влакното… Како до хидроген збогатен состав со билни екстракти и боја против жолто полнење. Ова беа само дел од темите на кои се работеше, дискутираше и се споделуваа искуства.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg