Публицис Скопје единствената македонска агенција со награда на Balcannes

Во рамките на „Денови на комуникациите“ во Ровињ, беа доделени Balcannes наградите за најдобрите кампањи во регионот.

publicis-skopje-edinstvenata-makedonska-agencija-so-nagrada-na-balcannes-01_copy.jpg

Во конкуренција на 180 кампањи од регионот, проектот SmoothON на Пивара Скопје, осмислен и реализиран од Публицис Скопје, беше единствената кампања од земјава која освои награда на овој престижен фестивал во категоријата алкохолни пијалаци.

Публицис Скопје го реализираше проектот SmoothON со цел оживување и ставање во фокус на домашната музичка сцена, истакнувајќи истовремено дека Скопско Смут е пиво кое е синоним за младост, слобода и свежина. SmoothON е платформа која ги обединува луѓето што ја создаваат и дефинираат музичката сцена со цел ги пронајде и промовира најсвежите и најоригиналните домашни артисти.

BalCannes е регионален фестивал на креативноста кој ги обединува искуствата од пазарите во Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија и ги слави најдобрите и најоригиналните проекти, агенции и огласувачи во регионот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg