„Од времето ми е“ – Најчеста реплика за главоболка и замор
- Детали
- четврток, 20 април 2023
Колкупати околу вас луѓето се пожалиле на главоболка? Промените во температурата и летното сметање на времето се посочени како главни „виновници“ за главоболка изминатиов период. Здравиот начин на живот помага при надминување на оваа состојба, но постои и ефикасен лек против болка, кога болката е интензивна.
„Од времето ми е“; „Се промени часот, помалку спиеме“; „Цел ден сум пред компјутер“, се само дел од репликите кои секојдневно ги изговараме или слушаме, а сметаме дека се главни причини за појава на глаовоболка или чувство на замор.
Главоболката како состојба е една од десетте најчести причини поради кои пациентите го посетуваат својот матичен лекар. Главоболката е особено присутна во овој период од годината, кога преминуваме од зима кон пролет и кога се појавуваат алергии или пак постојат значителни температурни разлики.
И младите и повозрасните честопати се жалат на главоболка, која може да биде предизвикана од најразлични причини. Тензиската главоболка, мигрената, главоболките од силен напор, како и кластер главоболките се меѓу најчестите видови.
Постојат различни начини за третирање на главоболката, но важно е да се истакне дека пристапот е многу индивидуален. Односно, секој метод на третирање на главоболката различно влијае од човек на човек, затоа што и причините за главоболка најчесто се разликуваат кај секој од нас.
Видот на храната, недостатокот на физичка активност, лошото држење на телото, потребата за повеќе течности се меѓу главните причини за појава на тензиска главоболка. Истата знае да се појави и кај оние кои повеќе часови поминуваат работејќи на компјутер или пак се во седечка позиција (возачи, шалтерски работници и сл.).
Оттука, важно е да се преземат следниве активности за надминување на овој проблем:
- Користете ги паузите за истегнување и имајте кратки прошетки на свеж воздух;
- Консумирајте доволно течности (вода, природни чаеви и цедени сокови);
- Имајте редовен сон и одмарајте;
- Избегнувајте внесување на кофеински напитоци, цигари или алкохол;
- Јадете свежа и добро подготвена храна (сезонско овошје и зеленчук);
- Бидете физички активни.
Здравиот начин на живот позитивно влијае за целосна заштита на нашето тело, но и за спречување на појава на главоболка.
Сепак, ако главоболката не можете да ја избегнете, постои ефикасен лек против болка, кој делува брзо и има долготрајно дејство од 8 до 12 часа. Лекот е безбеден за користење и за пациентите со кардиоваскуларни проблеми.
Прочитајте повеќе: https://www.nalgesin.com/mk/