Борко Ристовски: „Ако ми кажат дека ме изневерила, одам дома и менувам брава“

Велигденското издание на „Нешто конкретно“ го одбележаа тројца музичари и еден спортист, а зборуваа на тема „пријатели“.

borko-ristovski-ako-mi-kazhat-deka-me-izneverila-odam-doma-i-menjam-brava-01.jpg

Колку вистински пријатели можеме да имаме во денешницава, дали е вистина дека тие веќе не може да се избројат ниту на две раце, одговорите ќе ги добиеме од Бојана Скендеровски, Борко Ристовски, Иван Јованов од Либеро бенд и Марјан Мац Петровски познат како диџеј Матс.

Кога на нашите гости им дадовме задача на велигденските јајца да ги нацртаат своите пријатели не требаше многу да се мислат кој да биде тоа затоа што, како што и самите кажаа, вистинските пријатели се ретки и ги нема многу на број.

Иван беше прашан дали има пријатели што ги нема, а тој одговори дека пријателите што ги нема ги изгубил во незгода и додаде дека со никого во животот не се скарал, па ниту со најголемите душмани.

Бојана издвои случка во која била сведок на озборување на нејзина пријателка во маркет, но не останала должна, како вистински пријател таа ги засрамила оние што озборувале. Целата случка раскажана од неа погледнете ја во епизодата која веќе е достапна на нашиот YouTube канал.

Што е со неверствата? Како тие ги доживуваат истите и што прават откако ќе дознаат за тоа?

borko-ristovski-ako-mi-kazhat-deka-me-izneverila-odam-doma-i-menjam-brava-02.jpg

Дознајте дали алкохолот оди со музиката и спортот кога тие ти се професија; кој е најдобар во кршење велигденски јајца; зошто мажот секогаш мора да ја плаќа сметката во ресторан... гледајте ја најновата епизода и следете нè на социјалните мрежи каде заедно ќе ги коментираме овие теми.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg