Со „Трајни културни вредности“ Халкбанк го афирмира културното наследство

Скопје 18 април 2023: Традицијата е составен дел од културата и од историјата на секој народ. Водени од идејата дека без традиција нема вредности, а без минато нема иднина, Халкбанк АД Скопје го започна проектот „Трајни културни вредности“.

so-trajni-kulturni-vrednosti-halkbank-go-afirmira-kulturnoto-nasledstvo-01.jpg

Во рамките на овој подвиг банката се осврнува на богатото културно наследство на Македонија. Црпејќи од овој непресушен извор, преку традицијата, културата и уметноста, таа создаде корпоративен брендинг со мотиви од народни носии од различни краишта на земјава, од ретки археолошки предмети стари со милениуми, од „Тешкото“, од црквите и џамиите кои се прогласени за споменици на културата. Една од главните инспирации се и делата на доајените на македонската ликовна уметност: Никола Мартиноски, Борко Лазески, Јордан Грабулоски-Грабул, Димитар Кондовски.

so-trajni-kulturni-vrednosti-halkbank-go-afirmira-kulturnoto-nasledstvo-02.jpg

Халкбанк денеска се приклучува кон одбележувањето на 18 Април, Светскиот ден на културното наследство, кој под закрилата на УНЕСКО, од 1982 година се одбележува во целиот свет и кај нас.

- Преку нашите „Трајни култури вредности“ сакаме да потсетиме и да придонесеме во промоцијата на нашето културно наследство. Македонската култура и традиција се непресушен извор на инспирација. Тие се дел од нашето секојдневие. Ги искористивме за да создадеме современи визуелни решенија и преку нив да потсетиме какви богатства создавал нашиот народ. А, овој ден е идеален за нивното споделување – вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк.

so-trajni-kulturni-vrednosti-halkbank-go-afirmira-kulturnoto-nasledstvo-03.jpg

Во рамките на проектот создадени се многу креативи, модерни графички дизајни инспирирани од специфични делови од нашето севкупно од културното наследство, видеа и пораки за негово зачувување, промоција и афирмација.

so-trajni-kulturni-vrednosti-halkbank-go-afirmira-kulturnoto-nasledstvo-04.jpg

Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка банка во Македонија и една од петте најуспешни. Таа е значајна и како компанија која има цврста корпоративна политика со јасна визија за поддршка на општеството и вистинските, трајни вредности.

so-trajni-kulturni-vrednosti-halkbank-go-afirmira-kulturnoto-nasledstvo-05.jpg

Многу од нејзините платформи се однесуваат на едукацијата на децата, на подигнување на еколошката и културната свест, поттикнувањето на здравиот живот и спортските навики.

so-trajni-kulturni-vrednosti-halkbank-go-afirmira-kulturnoto-nasledstvo-06.jpg

Преку „Трајни култури вредности“, Халкбанк се навраќа и на корените. Зашто без традиција нема вредности, а без минато нема иднина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg