Обновена и пуштена во употреба бензинската станица на „Макпетрол“ во Свети Николе

13 април 2023 - Како најголем дистрибутер на нафтени деривати во државата, компанијата секогаш се труди на своите потрошувачи да им осигура квалитетни, сигурни и економични нафтени производи. Токму поради тоа, „Макпетрол“ постојано инвестира во обнова и модернизација на своите бензински станици, како и во развој на нови технологии за подобрување на квалитетот на горивата.

obnovena-i-pushtena-vo-upotreba-benzinskata-stanica-na-makpetrol-vo-sveti-nikole-01.jpg

Согласно потребите на потрошувачите, „Макпетрол“ непрекинато работи кон подобрување на својата мрежа на услужни објекти, за да го олесни снабдувањето со горива, био горива и течен нафтен гас.

Со задоволство ве информираме дека од денеска започнува со работа обновената бензинска станица на „Макпетрол“ во Свети Николе. На бензинската станица се достапни сите квалитетни горива од новата генерација ULTRA горива базирани на технологијата Dual Action Technology, а отсега на бензинската станица на потрошувачите ќе им биде достапен и течн нафтен гас за возила (ТНГ). Продажниот објект на потрошувачите им стои на располагање со широк избор на производи од дополнителниот асортиман, секој ден од шест часот наутро до 22 часот.

obnovena-i-pushtena-vo-upotreba-benzinskata-stanica-na-makpetrol-vo-sveti-nikole-02.jpg

„Макпетрол“ и понатаму ќе продолжи да инвестира во своите капацитети, модернизирајќи ги со најнови технологии, што е дел од посветеноста на компанијата кон задоволување на потребите на потрошувачите и истовремено да овозможи ефикасно снабдување со нафтени деривати и други производи и услуги.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg