Алпско млеко го промовираше својот нов производ на Кид експо

Креативни работилници и катчиња, игри, смеа и забава беа заштитен знак на Кид експо, првиот детски саем кој се одржа на 8 и 9 април во Александар Палас со Скопје. 

alpsko-mleko-go-promovirashe-svojot-nov-proizvod-na-kid-ekspo-01.jpg

Алпско, како бренд кој е омилен кај децата и е голем поддржувач на спортските активности беше еден од промотивните изложувачи на овој прв саем.

На овој уникатен настан Алпско воедно го промовираше својот најнов производ Алпско млеко ПРОТЕИН.

Алпското млеко ПРОТЕИН е функционално млеко со висока содржина на протеини, 60гр на литар. Она што е исклучително важно е дека овој производ воедно не содржи лактоза, па така сите љубители на млекото може да уживаат во овој производ без какви било тегоби.

alpsko-mleko-go-promovirashe-svojot-nov-proizvod-na-kid-ekspo-02.jpg

Протеините се од клучно значење за градење мускулна маса, правилно функционирање на невролошките функции, добро расположение, помагаат во варењето и во воспоставување добра природна рамнотежа на хормоните.

Алпско млеко ПРОТЕИН е корисно за спречување на зголемување на телесната тежина, бидејќи протеините се храната што најдобро заситува и се вари подолго од брзото дејство на јаглехидратите. Протеините се трошат секој ден и на нашето тело му се потребни одново и одново, па лесно може да дојде до дефицит доколку не се консумираат редовно. Тие се одговорни за сè во телото - од убава кожа и коса, до развој на антитела кои го градат нашиот имунолошки систем.

alpsko-mleko-go-promovirashe-svojot-nov-proizvod-na-kid-ekspo-03.jpg

Во таа насока, по покана на Алпско, на Кид експо беше одржано едукативно предавања за исхраната без лактоза и за важноста на протеините од страна н а м-р д-р Елена Манолева Николовска.

Алпско млеко протеин не е наменето само за спортисти, туку и за сите оние на кои движењето и здравиот начин на живот им се важни за одржување на благосостојбата.

alpsko-mleko-go-promovirashe-svojot-nov-proizvod-na-kid-ekspo-04.jpg

Токму тоа го потенцираше на самото предавање м-р д-р Елена Манолева Николовска:

„Протеините се наоѓаат во секоја клетка од нашето тело, а тоа се снабдува со протеини од храната што ја јадеме. Правилната исхрана подразбира внесување на висококвалитетни и соодветни дози на протеини, како и витамини, минерали и јаглехидрати“.

alpsko-mleko-go-promovirashe-svojot-nov-proizvod-na-kid-ekspo-05.jpg

Имајќи предвид колкава концентрација на хранливи состојки содржи Алпско млеко протеин, слободно може да кажеме дека се вбројува во она што во денешниот свет се нарекува „супер храна“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg