Автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе подготвен за Европа

Автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе го почнува својот нов предизвик за оваа година. Тој ќе се трка во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC)

avtomobilskiot-shampion-igor-stefanovski-idzhe-podgotven-za-evropa-01.jpg

Стефановски го започнува својот нов поход за оваа година. Тој ќе вози на Европскиот шампионат на ридски патеки, која оваа година има 10 трки.

Првата трка ќе се вози претстојниов викенд во Франција. Оваа трка традиционално е првата страница на Европскиот шампионат. Пријавени се 190 натпреварувачи од кои Иџе е единствениот Македонец. Бројката на пријавени натпреварувачи, укажува дека конкуренцијата оваа година ќе биде пожестока.

Време е за првата трка оваа година, вели автомобилскиот ас Стефановски. Тој споделува дека ќе вози со возилото од минатата година Хјундаи i30N TCR, кое дополнително се подготвуваше во текот на зимската пауза за овој шампионат.

„Би сакал да се заблагодарам на сите кои во мојот тим го препознаа потенцијалот и не поддржаа за натпреварувањата за оваа сезона. Посебно би сакал да се заблагодарам на сите мои спонзори кои веруваа и во иднина ќе веруваат во нашиот потенцијал “- порачува автомобилскиот ас. Тој и овојпат не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат. Викендов очекувам добра трка, додава Стефановски.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg