„Бекстејџ“ ја стави на тест сама да си провери колку е позната: Агнеса е позната од непознати причини
- Детали
- среда, 12 април 2023
Агнеса Органџиева нема јавна професија, па затоа за некои е старлета, за други, пак, трендсетерка, за трети инфлуенсерка… Или, што би рекла самата, позната од непознати причини!
Зашто русокосата стана многу повеќе позната по својот бурен развод, отколку по било што друго, но дружењето со познатите, движењето во естраните или џетсетерските кругови ` донесе една поинаква популарност. Особено што истата медиумите повеќекратно и ја мултиплицираа(т), секој на свој начин.
Познатите личности или барем оние кои се медиумски експонирани и на некој начин стануваат дел од јавниот живот, неретко и немаат претсатава за себе и за тоа колку се познати, славни, популарни…
Некому славата преку ноќ му удира в глава, други пак и по долги години медиумска експонажа и во последно време, секако, по социјалните мрежи остануваат приземни, без ниту малку да летаат во облаци.
Сепак популарноста е променлива и минлива категорија, па некој некогаш е повеќе, некогаш помалку популарен, но велат дека кога еднаш ќе станеш познат, познат остануваш за цел живот.
Само што до таа фаза малку потешко се стигнува, зашто популарноста стекната со будалаштини е „чудо за три дена“, а онаа создадена со кретивност, упорност, труд, работа, талент и знаење е трајна.