Берта Додевска: „Жена не затвора кафана, се знае кои остануваат последни“
- Детали
- среда, 12 април 2023
Кога зборуваме за култура и некултура во општеството прво треба да започнеме од самите себеси. Сакајќи да го наметне прашањето дали културата е само за пред луѓе или си ја носиме од дома, Снеже Велков ги стави нозете на маса и праша дали одговорот „сите така прават“ е соодветен за да си го оправдаш некултурниот потег?
Културно ги поканивме, а тие го испочитуваа главното правило - една културна личност никогаш не доцни.
Знаевме дека ги имаме вистинските гости и тоа: Берта Додевска, Оле Поцкова, Даце Николовски и Мими Марковски.
На прашањето што нашите гости се свесни дека е некултурно, но сепак си го прават, Оле си призна дека колата и е гнасотилук и оти ѝ велат џабе се бањаш кога после влегуваш во неа. Оле беше брутално искрена, но потоа вети дека ќе се обиде да го смени тоа.
Берта Додевска се пожали на некултурата на граѓаните на велосипедските патеки, ова е честа поплака на нашите сограѓани, тие едноставно мислат дека истите се корзо и никој не може да ги убеди во спротивното.
На оваа тема се вклучи и битолчанецот Мими кој рече дека тие немаат таков проблем бидејќи не ни имаат велосипедски патеки.
Во меѓувреме, Берта сподели дека таа вози електричен тротинет, па Даце не успеа да се воздржи да ја праша дали постојат вонсериски тротинети за луѓе како неа и него алудирајќи на нивната висина.
„Те замислив на тротинет викам што тротинет е тоа“ рече тој.
Во однос на пцуењето, гостите се согласија дека човек колку и да е културен, тешко може да се воздржи во нервоза и да не почне да се рафрла со вулгарни зборови.
„Кога го слушам него јас се концентрирам и све по список, тетки из Новога Сада до сегашен момент“, беше искрена Оле.
Кои се понекултурни мажите или жените? Ако понекултурни се мажите, како што велат сите, зошто женските тоалети во локалите се секогаш повалкани?
Оваа полемика и други слични на неа ги расправаме во емисијата заедно со нашите гости - гледајте го целосното издание на нашиот канал на YouTube.