Најлесната и најефективната формула за заштита од сонце - Eucerin® HYDRO PROTECT ултралесна крема-флуид со SPF50+

Aприл 2023 година. Eucerin® ја претстави својата нова формула за заштита од сонце. Ултра лесната крема-флуид HYDRO PROTECT SPF50+ содржи хидротехнолошки комплекс и напредна спектрална технологија, благодарение на кои обезбедува најголема заштита од UVA, UVB зраци и ХЕВИС светлината. Дополнително, го поддржува обновувањето на ДНК на кожата. Пакувањето е еколошко и лесно за употреба.

najlesnata-i-najefektivnata-formula-za-zashtita-od-sonce-eucerin-hydro-protect-ultralesna-krema-fluid-so-spf50-01.jpg

Овој нов производ за заштата на лицето од штетните сончеви зраци, со своите карактеристики ќе поттикне голем број на луѓе на дневна основа да го заштитат лицето, а тоа да не им создава неудобност. Уникатната формула обезбедува ефикасност во четири сегменти

Многу висока заштита за лице од сонце

Advance Spectral Technology е технологија со заштитен знак на Eucerin® која обезбедува многу висока заштита на кожата на лицето од UVA/UVB зраци и сина светлина. Комбинира широкопојасни и фотостабилни UVA и UVB филтри, а антиоксидантот Licohalcone A ги неутрализира слободните радикали од УВ зраците и ХЕВИС светлината.

ДНК заштита на кожата

Глициретинската киселина, која се извлекува од корените на растението сладунец, има антиоксидантни и антиинфламаторни својства за кои е докажано дека помагаат во поправка на ДНК на клетките оштетени од УВ зрачењето.

Нов Hydro-tech Complex

Новиот hydro-tech complex ја хидрира кожата преку комбинација на хијалуронска киселина, природни навлажнувачки фактори и глицерин. Формулата не е мрсна и не е леплива, има лесен, пријатен мирис, брзо се впива и не остава траги. Како резултат на тоа, кожата е длабоко хидрирана, се чувствува свежо и изгледа одлично. И што е подобра мотивација од тоа да ја користите новата Ултралесна крема-флуид за заштита од сонце HYDRO PROTECT SPF50+ секојдневно и повторно да ја нанесувате по потреба?

najlesnata-i-najefektivnata-formula-za-zashtita-od-sonce-eucerin-hydro-protect-ultralesna-krema-fluid-so-spf50-02.jpg

Чиста формула и еколошки пакувањa

Формулата на новата ултралесна крема-флуид за сончање HYDRO PROTECT SPF50+ не содржи микропластика, октокрилен и хомосалат (типови на УВ филтри). Картонската амбалажа е изработена од хартија со сертификат FSC. Шишето и капачето се направени од рециклирана пластика. Овој еко-пријателски пристап за развој на производи и пакувања е дел од програмата на Eucerin® до 2025 година за одржлив развој.

Кремата-флуид е погодна за секојдневна употреба. Кремата за сончање не е само за на плажа, туку треба да биде дел од нашата секојдневна рутина, бидејќи дури и умереното изложување на сонце може да има негативно влијание врз нашата кожа.

Ултралесната крема-флуид за заштита од сонце HYDRO PROTECT SPF50+ е дерматолошки тестирана и резултатите покажуваат одлична толеранција за секаков тип на кожа, дури и за чувствителна. Повратните информации од 160 волонтери кои ја тестирале кремата во текот на две недели покажуваат: 99% рекле дека лесно се мачка, 98% дека е погодна за топла клима, 97% чувствувале дека остава пријатно чувство на кожата по употребата и не се лепи.

Ултралесната крема-флуид за заштита од сонце HYDRO PROTECT SPF50+ од овој месец е достапна во аптеките во земјава во пакување од 50 ml.

najlesnata-i-najefektivnata-formula-za-zashtita-od-sonce-eucerin-hydro-protect-ultralesna-krema-fluid-so-spf50-03.jpg

Како правилно да ја заштитиме кожата од сонцето?

Дури и многу краток период на незаштитено изложување на сонце е доволен за да создадеме потребни количини на витамин Д. Секое дополнително изложување носи ризик од моментално или подолгорочно оштетување на кожата. За да се заштитиме правилно, добро е да имаме на ум три важни точки:

  • Заштитата од сонце е за секој ден, не само за на плажа. Треба да биде дел од нашата секојдневна рутина и да ги покрива сите делови од телото изложени на сонце.
  • Лицето секако секогаш е изложено на сонце. Затоа, важно е да го избереме вистинскиот производ за нашиот тип на кожа или состојба на кожата. Eucerin® нуди широк спектар на креми за сончање за лице кои ги покриваат потребите на секој тип на кожа - нормална, чувствителна, зрела, мрсна и склона кон акни, пигментирана кожа. Содржат и обоени пигменти за инстантно изедначување на тенот и декоративно-козметички ефект.
  • Добро е да се користи доволна количина од производот и да се нанесува рамномерно по целата површина на кожата без да се пропуштаат делови. На пример, за покривање на лицето и вратот, Eucerin® препорачува користење на дебел слој производ за заштита од сонце од врвот на средниот прст во права линија преку дланката, до крајот на дланката. Областите кои најчесто ги забораваме се делот меѓу веѓите и вратот.

Одржлив развој

Според Eucerin® Sustainability Program до 2025 година, брендот има за цел (1) да ја намали употребата на нова пластика во своите производи за половина; (2) да заштеди до 200 тони хартија годишно; (3) да користи пакувања што може да се рециклираат или повторно да се употребуваат; (4) да се создадат почисти формули без микропластика, циклометикон, октокрилен. Во исто време, Eucerin® стои зад своето ветување дека ќе создаде ефективни производи кои имаат моќ да го променат животот на луѓето.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg