Hoya Vision: Еден од водечките производители на премиум оптички стакла кои се достапни и во Македонија

Hoya Vision е повеќе од 75 години партнер на професионалците кои се грижат за видот на луѓето. Со дистрибуцијата на своите оптички стакла во преку 110 земји и со својата мрежа од над 17.000 вработени и 43 лаборатории - е еден од најголемите светски производители на премиум оптички стакла.

hoya-vision-eden-od-vodechkite-proizvoditeli-na-premium-optichki-stakla-koi-se-dostapni-i-vo-makedonija-01.jpg

На дводневниот семинар „HOYA во светот, HOYA во Македонија“ што се одржа во декември минатата година во Скопје, предавачот Sharbel Frem - раководител на едукативниот сектор на оваа јапонска корпорација, имаше можност во детали да ги запознае претставниците на реномираните оптики, за карактеристиките на производите, специфичностите на заштитните слоеви и бенифициите за корисниците на HOYA оптичките стакла.

Низ интерактивни презентации и работилници, присутните офталмолози и оптометристи од државата можеа непосредно да се запознаат со визионерските технологии на HOYA во производството на стаклата и на опремата. Преку истите, HOYA им овозможува на корисниците неприкосновен јасен вид и врвно нивно искуство како купувачи во оптиките кои се HOYA сертифицирани.

hoya-vision-eden-od-vodechkite-proizvoditeli-na-premium-optichki-stakla-koi-se-dostapni-i-vo-makedonija-02.jpg

Денес, оптичките стакла на HOYA се продаваат во преку 17 градови низ државата. Преку воспоставениот систем на редовни обуки, HOYA во континуитет го обучува персоналот на партнерите за презентација и демонстрација на производите и бенефитите од истите кај корисниците.

hoya-vision-eden-od-vodechkite-proizvoditeli-na-premium-optichki-stakla-koi-se-dostapni-i-vo-makedonija-03.jpg

Дополнително, преку порталот Оптики Македонија, се организираат во континуитет повеќе кампањи, чија цел е да го доближат овој премиум бренд до домашните корисници и да им ги испорачаат најдобрите практики кои придонесоа за врвно купувачко искуство кај купувачите на HOYA оптичките стакла - ширум светот.

hoya-vision-eden-od-vodechkite-proizvoditeli-na-premium-optichki-stakla-koi-se-dostapni-i-vo-makedonija-04.jpg

Во моментов е активна HOYA SUN кампањата – за соодветна и стилска заштита на видот за време на сончевите денови, која можете да ја проследите на овој линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg