10 години партнерство на Виталиа и Танц Фест: Градиме култура на здраво живеење

На 4ти април започна овогодинешното издание на Танц Фест Скопје – традиционален фестивал посветен на современиот танц, кој обединува танчери и кореографи од целиот свет.

10-godini-partnerstvo-na-vitalia-i-tanc-fest-gradime-kultura-na-zdravo-zhiveenje-01.jpg

И оваа година фестивалот е поддржан од македонската компанија за здрава храна Виталиа, која е партнер на Танц Фест веќе цела деценија. Овој вид на соработка е од суштинско значење за развојот и одржливоста на локалната уметничка сцена и представува позитивен пример за поддршката на заедницата.

„Танцувајќисоздаваме иднина“ - Ова моќно мото на овогодинешниот Танц Фест ја истакнува трансформативната природа на танцот и неговата способност да донесе позитивни промени. Преку танцот, можеме да ги срушиме бариерите, да ги предизвикуваме стереотипите и да создадеме нови начини на гледање и разбирање на светот.

10-godini-partnerstvo-na-vitalia-i-tanc-fest-gradime-kultura-na-zdravo-zhiveenje-02.jpg

„Додека се движиме низ светот кој постојано се менува и носи предизвици, поважно е од кога било да се поддржуваат и промовираат културни настани како што е Танц Фест Скопје. Преку моќта на танцот и уметничкото изразување, можеме да најдеме заеднички јазик, да создадеме поповрзан и позначаен свет и да градиме култура на здраво живеење “ - вели Искра Ветаџокоска-Муцунска, косопственик и менаџер на Виталиа, која ја препознава важноста за поддршка и унапредување на уметноста и културата.

10-godini-partnerstvo-na-vitalia-i-tanc-fest-gradime-kultura-na-zdravo-zhiveenje-04.jpg

10-godini-partnerstvo-na-vitalia-i-tanc-fest-gradime-kultura-na-zdravo-zhiveenje-03.jpg

Фестивалот го отвори холандското танцово друштво Кодартс, со изведба на претставата „Таленти во движење“ во Македонскиот народен театар. А потоа, во текот на целиот месец на повеќе локации од главниот град ќе се претстават 19 кореографи од Македонија, како и од Холандија, САД, Полска, Чешка, Израел, Италија, Шпанија, Кина и други.

10-godini-partnerstvo-na-vitalia-i-tanc-fest-gradime-kultura-na-zdravo-zhiveenje-05.jpg

Танц Фест Скопје за првпат се одржа во 2005 година, како реализација на визионерската идеја на кореографката Рисима Рисимкин да создаде фестивал кој чија мисија е да го промовира танцот како форма на уметност, но и да создаде силна врска на уметници од различни земји и култури, и да им овозможи да работат заедно. Во текот на изминатите 18 години, Танц Фест Скопје стана значаен културен настан, обезбедувајќи платформа за реномирани уметници да ги покажат своите таленти и да ја инспирираат публиката со моќта на танцот.

Билетите за сите настани се продаваат на билетарите на театрите каде се одржува програмата, во МНТ, МКЦ и НОБ. 

10-godini-partnerstvo-na-vitalia-i-tanc-fest-gradime-kultura-na-zdravo-zhiveenje-06.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg