Конечно во Македонија, по примамливи цени: Егзотично патување на сетилата низ заводливи ноти на ориенталните парфеми
- Детали
- петок, 07 април 2023
Ориенталните парфеми ве носат на патување на сетилата во сензуалниот и мистичен свет на луксуз и елеганција. Инспирирани од Истокот, овие мириси се издвојуваат по специфичните ноти и најквалитетни парфемски состојки на светот – уд, мошус, ветивер, сандалово дрво, амбер...
Овие егзотични мириси кои ве обвиваат со својата арома, се препознатливи по својата извонредна долготрајност. Даваат чувство на топлина, ја зголемуваат самодовербата и најмногу од се, ве издвојуваат од толпата. Наменети за жени и мажи кои сакаат да се истакнат со препознатливи мириси, нагласувајќи ја нивната сензуалност. Џенифер Лопез во неколку свои интервјуа открива дека обожава да користи ориентални парфеми со ноти на јасмин и мошус, додека Ким Кардашијан, Ријана, Анџелина Џоли и Шакира веќе биле амбасадори на ориентални парфемски брендови.
Ориенталните мириси се прилагодуваат на различни прилики, идеални се за носење на работа, при вечерни излегувања, при тоа се доволно јаки и долготрајни да останат на кожата во текот на целиот ден.
Нивна посебна специфичност е што може да се комбинираат со други парфеми, создавајќи можност сами да креирате мирис кој го сакате.
Постојат неколку фактори кои ги прават овие парфеми долготрајни и неодоливи:
Ориенталните парфеми содржат состојки како мошус, пачули, ванила, уд и амбер кои се познати по нивната долготрајност на кожата и проекција на мирисот подолго време. Покрај тоа, лесно се прилагодуваат на pH на кожата, особено кај онаа со поголема pH вредност. Тие се високо концентрирани, содржат поголема количина на мирисни масла и затоа најчесто се нанесуваат во помали количини од останатите парфеми. Лесно се прилагодуваат на pH на кожата.
Иако за ориенталните парфеми постои мислење дека се скапи, тоа сепак не е правило. Ви ги претставуваме брендовите Armaf, Lattafa, Swiss Arabian и Al Haramain кои се достапни кај нас и може да се најдат по пристојни цени, нудејќи висок квалитет и препознатливост.
Armaf парфемите кои ќе ги обожавате претставуваат модерни, стилски и инспиративни мириси за мажи и жени.
Armaf Club De Nuit Woman Eau de Parfum е опоен и нежен мирис за жени кои се чувствуваат удобно во својата кожа. Мирисот претставува сјајна свежина со цитрусни акорди кои се комбинираат со цветно - овошни ноти на роза, јасмин и личи. Се отвара со горните ноти на бергамот, грејпфрут, праска, портокал, додека на средината нежно преоѓа кон средните ноти на гераниум, јасмин, личи и роза. Долните ноти се ветивер, пачули и мошус. Идеален за дневни излегувања или на работа.
Armaf Club de Nuit Intense Man Eau de Toilette е провокативен, дрвенест, долготраен, зачинет мирис за мажи кој е претставен во 2015 година. Свежината се чувствува преку горните ноти на лимон, црна рибизла, бергамот и ананас, кои на средината се мешаат со ноти роза, јасмин и бреза, а основата ја чинат ванила, мошус, амбер и пачули.
Armaf парфемите може да ги најдете во Cosmo парфимерија, DM drogerie и Schatze парфимерија.
Lattafa Khamrah Eau De Parfum Unisex е новитетот кој ќе ја обележи оваа сезона.
Lattafa Khamrah Eau De Parfum Unisex е луксузен ориентално-зачинет унисекс парфем кој ги комбинира скапоцените зачини, топлината на дрвенестите ноти и мекоста на ванилата. Горната нота е цитрусната свежина на бергамот врамена со топлиот, кадифен зачин на цимет и рафинираната жалфија. Срцето на парфемот пулсира со прекрасниот кремаст мирис на пралина, топејќи се во миризлива магија од слатки овошни ноти и туберозни цветни нијанси. Како долни ноти се чувствува раскошна ароматична патека која ја спојува сензуалната сладост на ванила со зачинети скапоцени дрва, сладок чаден уд, зачадена ароматична смирна, зачинета тонка и смолести бензоин од ванила, кои нежно треперат во зракот.
Lattafa Ajwad Eau de Parfum Unisex е природен сладок парфем во спреј исполнет со арома на амбер, роза и сандаловина. Овој слаткаст мирис на ванила кој е карамелизиран со многу овошје и кедрово дрво ќе ве освои при првата средба.
Од брендот Lattafa ни доаѓа уште еден сензуален мирис наменет за жени и мажи Ana Abiyedh Eau De Parfum Unisex. Како горни ноти на овој мирис се чувствуваат белиот мошус и масло од киприол кои на средината се мешаат со ванила, шафран и кардамон. Долните ноти се зрно тонка и гуајак дрво.
Swiss Arabian Gharaam Eau de Parfum Unisex е ароматичен, романтичен дрвенест мирис кој ги грее срцата подеднакво кај жените и мажите.
Мирисот ве води на неодолива патека низ нотите на јасмин и шафран (еден од најретките зачини), кои патуваат кон прегратката во срцевината на препознатливиот амбер. Патувањето продолжува кон чистата вљубеност низ нотите на кедар и ела.
Al Haramain L’Aventure Мan Eau de Parfum е специфичен мажествен мирис кој ја нагласува самодовербата. Цветно дрвенест мирис со горни ноти на лимон, бергамот и елеми, полека преоѓајќи кон средината на дрвенести ноти, јасмин и момина солза. Потоа, доаѓаат на сцената идеалните мошус, пачули и амбер како долни ноти.
Al Haramain L`Aventure Femme Eau de Parfum е наменет за жени со авантуристички дух. Тие знаат што сакаат и нивниот избор е секогаш најдоброто за нив. Мирисот се отвара со свежина на цитрус од бергамот, ананас и бобинки. Мирисната хармонија се движи кон ноти на роза, фрезија и кедрово дрво. Сензацијата продолжува кон основата од сандалово дрво, пачули, амбер и мошус.