Credissimo со донација за ЗОО Скопје - Обновени информативните таблички за животните

Зоолошката градина во Скопје доби нови информативни и едукативни таблички за животните. Credissimo уште еднаш се покажа како општествено одговорна компанија која континуирано работи во насока на подобрување на условите во заедницата.

credissimo-so-donacija-za-zoo-skopje-obnoveni-informativnite-tablichki-za-zhivotnite-01.jpg

Со оваа донација, зоолошката доби нови таблички со информации за животните како и таблички со правила на однесувње.

„Зоолошката градина во Скопје е една од најпосетуваните и најатрактивните локации во градот и e наше големо задоволство што сме дел од нејзиното разубавување. Табличките се со информативна содржина и вклучуваат интересни факти и податоци за животните, а покрај тоа што претставуваат забава за најмладите посетители, имаат и едукативен карактер преку кој посетителите без разлика на нивната возраст можат да се едуцираат и да се информираат повеќе за секое животно кое што е дел од ЗОО Скопје.” – изјавија од Credissimo.

credissimo-so-donacija-za-zoo-skopje-obnoveni-informativnite-tablichki-za-zhivotnite-02.jpg

„Среќни сме што голем број на компании го препознаваат капацитетот на ЗОО Скопје и што не себично помагаат заедно да ги подобриме условите во зоолошката градина. Едукативните таблички веќе подолго време не беа сменети, па така оваа донација е од големо значење за сите посетители да се запознаат и да научат нешто повеќе за животните кои се дел од ЗОО Скопје.“ – изјави директорот на ЗОО Скопје.

credissimo-so-donacija-za-zoo-skopje-obnoveni-informativnite-tablichki-za-zhivotnite-03.jpg

Оваа донација на Credissimo во Зоолошката градина во Скопје не е прва. Во месец јуни минатата година беа донирани средства за уредување на живеалиштето на лавовите, беше обезбедена боја за кречење на повеќе живеалишта што придонесе за подобри услови за животните како и за посетителите на ЗОО Скопје.

Донации од овој вид, со хуманитарен и еколошки карактер преку кои се придонесува за сеопшто добро на граѓаните и на заедницата се помеѓу главните цели на Credissimo како општествено одговорна компанија, која постојано вложува во унапредување на условите во животната средина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg