Чист и софистициран дизајн: Погледнете ја новата колекција на НИКОВ на Саем за мебел во Скопје
- Детали
- петок, 31 март 2023
Компанијата за мебел НИКОВ веќе 32 години професионално произведува и проектира секаков вид ентериери, соединувајки ги луксузот и едноставноста како формула за својот препознатлив стил.
Инспирирани од водечките светски трендови, со мисија да создадеме удобни и безвременски дизајни за клиентите во Европа и во светот, нашите проекти се прилагодени да одговараат на животниот стил на нашите клиенти и да ги задоволат нашите бескомпромисни стандарди за квалитет и естетика. Нашиот тим, предводен од нашиот внатрешен архитект Ивана Никова, има богато искуство во дизајнерската индустрија и изведба.
Нашето портфолио вклучува станбени и комерцијални проекти.
Едно од најчестите прашања е дали имате потреба од дизајнер на ентериер кога реновирате или се вселувате во нов дом, средувате канцелариски или друг комерцијален простор.
Одговорот ќе го дознаете со нашите први контакти и ќе се уверите дека имате потреба од стручно лице кое ќе го заживее Вашиот простор. Обединетост на удобноста и модерен дизајн, кој поради минималистичката естетика е еден од најбараните.
„Дрвото е незаменлив материјал при уредување на домот кој дава топлина, лесно е за комбинација и вооедно безвременско.
Меѓу најпопуларните трендови, веќе неколку сезони наназад е комбинацијата на метал и дрво или дрво и камен која е исклучително популарна и омилена, доволно впечатлива и луксузна” - вели Ивана Никова.
Ви ја претставуваме нашата најнова колекција со чист и софистициран дизајн, уникатно дизајнирани парчиња на мебел изработени од масивно дрво, камен и метал.
Производи кои ќе внесат топлина во Вашиот ентериер со својата форма, облина и материјали и ќе го направат просторот впечатлив и уникатен.
Секој проект што го создаваме е уникатно смислен за неговата функција и покажува исклучителна вредност и квалитет. Секогаш се прилагодуваме на желбите на нашите клиенти.
Нашата најнова колекција е веќе изложена на Саемот на мебел кој трае до 02.04 во спортска сала „Борис Трајковски”.