Реномирани професори, уметници, бизнисмени, новинари на конференцијата „Чувари на мудроста“

Утре во малата сала на Филхармонијата на РСМ, со почеток во 11.30 часот ќе се одржиконференцијата „Чувари на мудроста“ на која што искусни и почитувани професионалци од државата ќе говорат пред младите за значењето на професионалната надградба, кариерниот развој, претприемништвото, комуникациите, значењето на културната едукација.

renomirani-profesori-umetnici-biznismeni-novinari-na-konferencijata-chuvari-na-mudrosta-01.jpg

Конференцијата е дел од големата кампања на Халкбанк АД Скопје „Чувари на мудроста“, започната минатата година, која штo е посветена на повозрасната популација. Целта на кампањата не е само да им се даде повеќе простор на успешните и реномирани луѓе од Македонија кои оставиле трајни белези зад себе, туку и да ги поттикне младите да обрнуваат повеќе внимание и да поминуваат повеќе време со повозрасните од кои може многу да се научи, бидејќи тие се чуварите на мудроста.

На конференцијата, која што е поделена во три панели, успешни професори, уметници, стопанственици и новинари ќе дискутираат и со присутните ќе ги споделат своите животни и професионални искуства на три теми - култура, економија и комуникации. На тема „До успех со среќа или работа“ ќе дискутираат професорите Никола Пановски, академик Таки Фити и Симон Наумоски, основач на „Витаминка АД Прилеп. Писателката Винка Саздова, актерот Благој Чоревски и професорот Костадин Танчев Динка ќе зборуваат на тема „Живот со или за уметноста“, додека новинарките Катерина Цаневска и Лилјана Грџо Дамовска ќе бидат учесници во третиот панел - „Од ѕвездите до калта“. 

Бидејќи целта на настанот е токму на новите генерации да им се овозможи да ги чујат искуствата, но и да дискутираат со луѓето кои изградиле успешна кариера, на конференцијата бесплатно ќе можат да присуствуваат студенти кои својот статус ќе го потврдат со студентска легитимација. Сите заинтересирани можат да се регистрираат и да го пријават своето учество на следниот линк.

Повеќе информации за кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ се достапни на веб страницата cuvarinamudrosta.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg