Прима ве чека на Саемот на мебел
- Детали
- среда, 29 март 2023
Под мотото „Разбуди ја естетиката во себе“ од 29 март, па сѐ до 2 април 2023 година, во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи овогодинешниот саем за мебел на кој ќе бидат изложени најновите колекции на Прима – најголемиот производител на мебел на овие простори.
Оваа година, со доволно голем штанд на кој може да се прикаже мебелот со кој може да се опреми секоја просторија од домот, со одлични попусти, како и со новата бесплатна услуга Дизајн на ентериер, Прима на своите потрошувачи, ќе им понуди нови можности, удобност, одличен квалитет и услови за создавање дом каков што секој посакува.
Осмислена и дизајнирана да понуди секогаш нешто ново, но и естетски да ги задоволи различните вкусови на потрошувачите, колекцијата на Прима ќе ги разбуди сите сетила на секој којшто ќе посака да погледне што е ново во светот на дизајнот на ентериерот
А тоа значи дека посетителите ќе можат да ги видат новите колекции на гарнитурите за седење, регалите, спалните соби, гамата на душеци, мебелот за бањи, претсобјата – односно сите парчиња мебел што прават од секој простор дом во кој се ужива. Освен тоа, токму за време на деновите на саемот, Прима ќе има и големи попусти од 50 % на кујните по мерка, 40 % на тапацираните гарнитури и 10 % на сиот мебел, што сигурно ќе привлече уште поголем број клиенти како на саемот, така и во сите салони низ земјава. Притоа да не заборавиме и на новата услуга која ја воведе Прима, со која на клиентите им нуди бесплатно дизајнирање на ентериерот.
Прима веќе долго време е присутна во Македонија претставувајќи го мебелот којшто целосно е смислен, дизајниран и изработен во Хрватска, што внесува дополнителна вредност на секое парче изложено на саемот. Секогаш со брзи реакции на она што е ново на полето на дизајнот, воведувајќи нови креативни решенија и со квалитет што се одржува со години, Прима е еден од најпосакувани брендови за мебел кај нас.
Оваа година на саемот во Скопје, Прима ќе ги пречека сите посетители покажувајќи ги најновите дизајнерските решенија, а в сабота на 1 април шефот Марк де Јонг ќе ги приготвува своите најпознати делиции посакувајќи им добредојде на сите заинтересирани. Ве очекуваме!