Зошто некои типови кожа побрзо стареат?

Оксидативниот стрес причинител број еден за стареење на кожата.

zoshto-nekoi-tipovi-kozha-pobrzo-stareat-01.jpg

Оксидативниот стрес на кожата игра голема улога во процесот на стареење. Ова важи за внатрешнотo стареење на кожата како и за надворешно стареење. Иако резултатите се разликуваат во дермисот и епидермисот, надворешното стареење во голема мера е поттикнато од оксидативниот стрес предизвикан од УВ зрачење. Слободните радикали се исто така причинители на оксидативниот стрес што влијаат на предвремено стареење на кожата.

Додека слободните радикали се природен нуспроизвод на процесите што се случуваат во нашите тела, постојат голем број надворешни фактори за кои е познато дека го активираат и зголемуваат производството на слободни радикали. Многу од овие надворешни фактори можат да се контролираат, како на пример пушењето, исхраната, престојувањето во загадена околина итн.

Негата на кожата исто така е исклучително важен фактор ако се трудиме да ја заштитиме кожата од оксидативниот стрес. Надворешното и внатрешното здравје на кожата имаат нераскинлива врска кога станува збор за предвремено стареење на кожата. Витаминот Ц се смета за една од најдобрите состојки на пазарот за поддршка на производите против стареење и клуч за одржување на мазен, изедначен и сјаен тен. Иако многу луѓе внесуваат витамин Ц во исхраната, не постои начин да се гарантира дека витаминот што се внесува директно влијае на кожата. Затоа користењето на креми што содржат активен Витамин Ц со локално нанесување е најдиректниот начин да се искористат придобивките. Чистиот витамин Ц се разградува кога е изложен на кислород, така што е најефикасни се производите каде што механизмот за нанеесување на кожата му овозможува свежо комбинирање со остатокот од формулата.

zoshto-nekoi-tipovi-kozha-pobrzo-stareat-02.jpg

Таков производ е Еуцерин Хијалурон- Филер Витамин Ц бустер, крема со иновативен начин на нанесување на смесата, со активација на долното капаче на пакувањето за да се внесе активниот витамин Ц, се со цел оневозможување на витаминот брзо да се разгради. Она што го разликува овој производ од другите не е само активирањето на витаминот Ц од страна на потрошувачот, туку и уникатната смеса на хијалуронот и витаминот Ц, при што се овозможува измазнување на сите типови кожа, неутрализирање на слободните радикали, пополнување на брчките и помазна кожа за само седум дена.

Доколку се користат производи со висока киселост или се високо алкални (pH > 8), тогаш ќе и треба подолг временски период на кожата да се прилагоди и може да доведе до зголемена чувствителност, воспаление и црвенило. Високо алкалните производи особено не се добри за кожата. Затоа овој препарат има 2,1 ph а со емулзија достигнува до 2,9 ph, при што ја штити и негува кожата. За најдобра ефективност на витаминот Ц, pH не треба да биде над 3. Концентрацијата на Вит Ц треба да е најмалку 10%, а повисока концентрација пример 12%, 15% може да предизвика печење и оштетување на кожата. Вит Ц не е стабилен во течна состојба и затоа времето на користење од активирањето на Вит Ц со хијалурноската киселина не треба да надмине 21 ден, бидејќи после 20 дена се губи активноста на Витаминот Ц.

Борбата против предвременото стареење на кожата е долготраен процес, со вистинскиот пристап резултатите се неизбежни. Брчките се дел од стареењето, но постојат чекори што може да се преземат за да се забави нивно напредување, продлабочување и формирање на нови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg