Лицето, вратот и рацете се оние кои први ни ги „издаваат“ годините, но колагенот има моќ да го смени сето ова

Во последните неколку години, колагенот стана синоним за една од најпопуларните и „најозборуваните“ состојки во нашиот организам.

liceto-vratot-i-racete-se-onie-koi-prvi-ni-gi-izdavaat-godinite-no-kolagenot-ima-mokj-da-go-smeni-seto-ova-14.jpg

Секој од нас барем еднаш го поставил прашањето што поточно е колаген, дали навистина си ја оправдува популарноста и конечно – вреди ли да се купи и консумира?

Што всушност претставува колаген?

Околу 33% од протеините во организмот му припаѓаат на колагенот. Тоа го прави еден од најзастапените протеини во човечкото тело, неопходен за одржување на коските, лигаментите, тетивите и ’рскавицата. Кога не би имале колаген во телото, тоа би се распаднало.

Уникатната структура на колагенот се состои од 3 протеински синџири што го прави поиздржлив и од челикот. Неговата синтеза се одвива континуирано во текот на животот со цел да се поправи и замени оштетениот колаген.

Но, структурата на колагенот се менува како што старееме и со текот на годините, овој процес трае сè подолго, а обновувањето е побавно и послабо. Телото произведува помала количина на колаген со послаб квалитет. Ова резултира со болки во коските, но и намалување на еластичноста и тонусот на кожата, отстапувајќи им место на изразените брчки на лицето, опуштени очни капаци и „вреќички“ под очите.

liceto-vratot-i-racete-se-onie-koi-prvi-ni-gi-izdavaat-godinite-no-kolagenot-ima-mokj-da-go-smeni-seto-ova-23.jpg

Кога започнуваме да го губиме колагенот?

Губењето на колаген започнува по 21-та година од животот, а количината на колаген и еластин се намалува за 1-1,5% секоја наредна година. На 40-годишна возраст, способноста на телото да произведува колаген се намалува за 25%. На 60 години, ова намалувањето изнесува над 50%, особено за колагенот тип 1 и 3.

Генетиката и здравиот начин на исхрана и живот може да ве донесат само до некоја одредена точка. Понатаму, на секој од нас му е потребна мала помош. Доколку се прашувате што може дополнително да внесете во организмот без употреба на никаква опасна хемија, колагенот е вистинскиот одговор за вас.

liceto-vratot-i-racete-se-onie-koi-prvi-ni-gi-izdavaat-godinite-no-kolagenot-ima-mokj-da-go-smeni-seto-ova-17.jpg

Како телото може да поттикне создавање на свој сопствен колаген?

Колагенот во телото се формира од проколаген. Тој пак се формира од две аминокиселини – глицин и пролин. Овој процес е воедно зависен од витаминот Ц. Со цел телото да започне со производство на сопствен колаген, потребна му е резерва од двете суштински аминокиселини (глицин или пролин), кои се дел од совршената симбиоза на биоактивните колагенски пептиди.

liceto-vratot-i-racete-se-onie-koi-prvi-ni-gi-izdavaat-godinite-no-kolagenot-ima-mokj-da-go-smeni-seto-ova-12.jpg

Што ќе направи рибниот колаген за вашата кожа?

За почеток, ќе го избрише уморот од вашето лице. Заборавете на темните подочници и подуените очни вреќички. Рибниот колаген ќе ја зголеми еластичноста на кожата и како гума полека ќе започне да ги брише брчките од вашето лице.

Антиоксидантите во рибниот колаген ќе се погрижат да ја заштитат вашата кожа од оксидација и понатамошното стареење. Таа ќе изгледа позатегнато, хидрирано, сјајно, со изедначен, блескав тен и подобрен тонус.

Штетните УВ сончеви зраци, односно фотостареењето ќе стане една причина помалку за грижа, бидејќи рибниот колаген ќе ве заштити од опасните сончеви зраци.

liceto-vratot-i-racete-se-onie-koi-prvi-ni-gi-izdavaat-godinite-no-kolagenot-ima-mokj-da-go-smeni-seto-ova-24.jpg

Клиничките испитувања покажале дека по само 8 недели редовна употреба на Pure Collagen Peptides како додаток во исхраната одговорен за надополнување на нивото на колаген, хидратацијата на кожата е значително зголемена.

Таа ќе се измазни, ќе стане сјајна и затегната, полека враќајќи го природниот младешки изглед на лицето.

Pure Collagen Peptides е висококвалитетен додаток во исхраната кој се одликува со лесна и брза апсорпција во организмот. Земјата на потекло е Италија што зборува доволно за квалитетот, а производот не содржи глутен, шеќер, ГМО и е идеален за сите оние кои се на Кето исхрана.

liceto-vratot-i-racete-se-onie-koi-prvi-ni-gi-izdavaat-godinite-no-kolagenot-ima-mokj-da-go-smeni-seto-ova-05.jpg

Како се консумира?

Препорачаната дневна количина изнесува 10 gr, што значи дека стандардното пакување од 300 gr е доволно за точно еден месец. Може да го растворите во обична вода, чај, јогурт, кафе, какао, смути и веќе е подготвен за употреба. Нема никаков мирис ниту вкус, прашкастата формула се раствора брзо, а се апсорбира уште побрзо во организмот со максимално искористување од телото.

Рибниот колаген воедно е совршен извор за вегетаријанци (пескатаријанци) кои консумираат риба.

liceto-vratot-i-racete-se-onie-koi-prvi-ni-gi-izdavaat-godinite-no-kolagenot-ima-mokj-da-go-smeni-seto-ova-11.jpg

Колаген – да или не?

Како што споменавме, генетиката, здравата и одмерена исхрана и редовното вежбање може да ве однесат само до некоја одредена точка. Кога ќе го додадеме стресот на нашето секојдневие и непромисленото посегнување по алкохол, тутун и слични пороци, станува јасно дека е неопходно да го надмудриме процесот на стареење. А кожата на лицето, вратот и рацете се оние кои први нè „издаваат“.

Сосема возможно е да избришете неколку години од вашето лице. Потребно е само добро да се информирате и да донесете одлука која ќе го смени вашиот живот и изглед кон подобро.

liceto-vratot-i-racete-se-onie-koi-prvi-ni-gi-izdavaat-godinite-no-kolagenot-ima-mokj-da-go-smeni-seto-ova-13.jpg

Одлука со едноставно име – КОЛАГЕН. И конечно да го задоволите сопственото прашање со одговор – ДА, НАВИСТИНА ВРЕДИ.

liceto-vratot-i-racete-se-onie-koi-prvi-ni-gi-izdavaat-godinite-no-kolagenot-ima-mokj-da-go-smeni-seto-ova-01.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg