Утре во Скопје промоција на Ана Дорник

На 29 март, во хотелот Александар Палас, со почеток во 19 часот, македонската публика ќе има можност одблиску да ја запознае популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со ракот.

utre-vo-skopje-promocija-na-ana-dornik-01.jpg

На настанот ќе биде промовирана нејзината автобиографска книга „Ти си таа“. Гостите ќе имаат можност да проследат дел од нејзините мотивациски говори, како и одблиску да ја запознаат и да поразговараат со неа. Специјален гостин, панелист на трибината ќе биде Лила Филиповска која ќе ја сподели својата приказна за борбата со ракот на дојката. Две храбри жени чии приказни вредат, инспирираат, надахнуваат надеж. Влезот е бесплатен.

utre-vo-skopje-promocija-na-ana-dornik-02.jpg

utre-vo-skopje-promocija-na-ana-dornik-03.jpg

Поддршка за македонското преставување Ана Дорник доби од Здружението ЕЗРА.

- Искрено се радувам и со нетрпение ја очекувам средбата со македонската публика. Веќе имам многу следбеници од Македонија, кои постојано ми пишуваат и ме канат да дојдам кај вас. Затоа, со помошна моите пријатели од Езра, одлучивме да ја направиме оваа промоција и да се запознаеме и во живо. Нашата борба е универзална, не познава граници или јазични бариери, сите сме ние исто во нашата истрајност да го победиме ракот. Затоа е важно да зборуваме отворени и да се поддржуваме – ни изјави Ана Дорник

utre-vo-skopje-promocija-na-ana-dornik-04.jpg

Автобиографската книга на Ана, „Ти си таа“ е создадена со цел да се стекне поголема свесност за раната превенција, едукација и поддршка во лечењето како и за секојдневните предизвици со кои се соочуваат жените, кои се борат со оваа болест. Лична приказна, која служи како пример и поттик за општесвена промена. За својата усрдна и безпоштедна хуманитарна работа Ана Дорник ја добила наградата за животно дело на министерството за здравство на Србија, како и други награди кои се признание за нејзините заложби за општествена промена.

utre-vo-skopje-promocija-na-ana-dornik-06.jpg

За време на промоцијата, посетителите ќе можат да ја купат нејзината автобиографска книга. Целиот приход од продажбата на книгите ќе биде наменет за борбата со ракот на дојка! Воедно Ана Дорник заедно со претставниците на здружението Езра ќе ги посетат и жените кои се ново оперирани на клиниката за торакална хирургија.

utre-vo-skopje-promocija-na-ana-dornik-05.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg