Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?
- Детали
- петок, 24 март 2023
myWorld International е компанијата која стои зад најуспешната лојална програма, и обезбедува бенефити за купувачите и трговските партнери во над 50 земји во светот. Ваквата глобална позиционираност, myWorld ја постигнува со атрактивноста на бенефитите кои ги добиваат потрошувачите и трговците, постојаните иновации и нови технологии кои го прават купувањето вистинско задоволство.
Дополнително, грижата за своите корисници како и огромниот избор на места за пазарење како локални така и онлајн, го наградуваат секој еден корисник на лојалната програма.
Како всушност функционира myWorld?
Корисниците на myWorld кои можат да се регистрираат бесплатно и направат свој профил, при секое купување кај трговските партнери на myWorld добиваат бенефити во форма на Cashback (поврат на процент од сумата која ја плаќаат при купување директно на нивната сметка) како и Shopping Points (поени за купување), кои потоа можат да ги искористат за да добијат поголем Cashback, со специјалните Cashback Deals кои ги нудат трговските партнери ексклузивно за потрошувачите на myWorld.
Од друга страна, трговските партнери на myWorld добиваат нови лојални купувачи кои добиваат бенефити од услугите, ефикасно и напредно софтверско решение за лојална програма која самите може да ја уредуваат според сопствените потреби, поголема видливост на нивниот бренд и зголемен профит во нивните продажни места. Обновената програма за трговци се нарекува myWorld Partnership програма, која нуди повеќе функционалности. Трговецот добива препознатливост на својот бренд пред 300.000 регистрирани потрошувачи во Македонија и над 15 милиони во светот.
Она што фасцинира кај оваа програма, е дека има над 15 милиони членови, кои своите бенефити може да ги користат во целиот свет, без разлика каде се регистрирани. Пример, доколку сте регистрирани во Македонија, Cashback и Shopping Points ќе добивате и кога пазарите во странство, односно во над 50+ држави и 150.000 трговски партнери. И сето тоа е целосно бесплатно за членовите во целиот свет. Се што треба за да се користат myWorld бенефитите, е да се направи бесплатна регистрација и да се инсталира myWorld мобилната апликација достапна за Apple и Android.
За да обезбеди квалитетна услуга и врвно шопинг искуство на своите потрошувачи и партнери, myWorld се стреми да ги следи новите трендови и постојано инвестира во иновации и нови технологии кои го прават купувањето вистинско задоволство. Како за илустрација, последна верзија на myWorld апликацијата нуди можност за директно скенирање на сметките со што автоматски се добиваат Cashback и Shopping Points. Овој револуционерен пристап наречен Scan & Go го прави целиот процес многу едноставен и ефикасен.
Најновата Scan & Go опција им овозможува на потрошувачите на myWorld да ги користат бенефитите со едноставно скенирање и поднесување на сметките со својот паметен телефон. Членовите на myWorld ги дели само еден клик до сите бенефити во 55 земји ширум светот. По скенирање на сметката, со помош на OCR софтвер се вчитуваат податоците за валидација. Доколку се исполнат условите за автоматско одобрување на трансакцијата, потрошувачот веднаш добива Shopping Points на својот профил, а Cashback-от го добива штом Трговецот ги подмири обврските за остварениот промет.
Бидејќи навиките на купувачите брзо се менуваат, и онлајн продавниците стануваат прв избор за многу купувачи, во портфолиото на myWorld партнери има над 15.000 онлајн продавници. Но она што е можеби поважно, myWorld има развиено свој Plug-in за интернет пребарувачите кој овозможува да ги добиете своите бенефити секогаш кога правите онлајн нарачка. Ако го резервирате своето следно патување со booking.com или travelWorld.com, или пак нарачувате нешто од eBay или Aliexpress, не грижете се, вашите бенефити автоматски ќе бидат прокнижени на вашиот кориснички профил со mWorld Plug-in.
,,Групацијата myWorld слави веќе 12та година активно присуство на пазарот во Република Македонија. И веќе 12та година нашите регистрирани потрошувачи имаат повраток на средства при секое свое купување, а на нашите Трговски партнери им носиме нови лојални потрошувачи, а со тоа и нашата тенденција за зголемување на нивниот профит. Денес, myWorld Македонија бележи над 300.000 регистрирани потрошувачи кои своите предности можат да ги добијат кај преку 900 продажни места во земјата”- изјавија од компанијата.
Она што е важно да се напомене, myWorld неодамна ја доби престижната награда за најдобра лојална програма во САД за 2023 г. во избор на престижниот магазин Newsweek со традиција од 90 години.
Мисијата на бенефит програмата на myWorld, е на што повеќе потрошувачи да им донесе повраток на средства при своите секојдневни пазарувања, а на трговските партнери кои се дел од лојалната програма, зголемен профит и лојални клиенти.