Што можат банките да направат за одржлива иднина?

sto-mozat-bankite-da-napravat-za-odrzliva-idnina-01.jpg

Банките имаат огромен удел при одредувањето на насоката на движењето на економијата и на самата иднина на нашите општества.

Од апликации за следење на CO2 отпечатокот до кредити за фотоволтаични централи, денес банките во светот мора да бидат едни од лидерите при справувањето со глобалните предизвици поврзани со климатските промени, социјалната нееднаквост, ранливоста на енергетските системи и одржливоста на социо-економското опкружување. Лидерската улога бара визија и одговорност.

Што е одговорна банка?

Одговорна банка во овој контекст, е банка која дејствува во насока на одржлив развој и заштита на животната средина, преку одржливо финансирање на проекти кои имаат позитивен ефект врз природата чиј фокус најчесто е во инвестирањето во обновливи извори на енергија и социјално одговорни бизниси. Основа за одржливо работење од страна на банките насекаде во светот е ESG концептот (Environment, Social, Governance)

Што можат банките да направат за одржлива иднина?

Неколку добри практики кои придонесуваат кон одржливоста:

  1. Инвестиции во обновливи извори на енергија: банките можат да промовираат кредити за инсталирање на фотоволтаични централи, и да помогнат во едукација на своите клиенти. Овие инвестиции ќе ја намалат вкупната потрошувачка на енергија и ќе помогнат во намалување на емисиите на стакленички гасови.
  2. Финансирање на проекти за енергетска ефикасност: банките можат да предложат кредити за замена на стари апарати со нови, енергетски ефикасни апарати или за инсталирање на системи за греење и ладење кои користат енергија со помалку емисии.
  3. Утврдување на листа на активности кои ја загрозуваат животната и општествената средина кои банките нема да ги кредитираат. Оваа листа да содржи активности од разни домени на работењето на потенцијалните клиенти како што се неетички практики и услови за работа, дејности кои се штетни за здравјето и животната средина, дејности кои имаат негативно влијание врз заедницата, како и правни субјекти кои вршат конкретни неприфатливи дејности кои банката нема да ги финансира.
  4. Банките да воспостават Систем за управување со животната средина кој ќе содржи компоненти како:
  • интерен систем за управување со животната средина за да се овозможи подобро разбирање и подобрување на одржливоста на сопственото користење на енергија и влијание врз животната средина;
  • управување со ризикот од животната средина кај кредитирањето преку постојани и темелни проценки и со инкорпорирани прашања од животната средина во процесот на одобрување кредити, воедно да ја подигнуваат свесноста на клиентите за животната средина;
  • да промовираат „зелено финансирање“.
  1. Дигитализација на процесите и инвестирање во луѓето: банките секако треба да тргнат од себе, да ги дигитализираат и автоматизираат процесите и за тоа соодветно да ги обучат вработените. Намалувањето на употребата на хартија е еден од главните чекори кои банките ги превемаат во насока на целосно преминување во дигиталната сфера при работењето.
  2. Применување на високи еколошки и енергетски стандарди при изградба, реновирање на опремување на сопствената деловната мрежа со што значително би ја намалиле потрошувачката на струја.
  3. Самите банки да промовираат електромобилност во својот возен парк, на струја произведена од сопствена фотоволтаична централа.
  4. Јавно да објавуваат извештаи за одржливост кој ќе содржи детални информации на нивниот бизнис модел и сите активности кои ги преземаат за намалување на негативното влијание врз животната средина.

Има ли интерес кај луѓето за инвестирање во одржлива иднина?

Од огромна важност е улогата на банката во советување и информирање на клиентите за предизвиците со климатските промени и другите глобални предизвици, како и за важноста на инвестирањето во одржливи проекти. Искуството на ПроКредит Банка покажува дека расте интересот кај клиентите за т.н. „зелено финансирање“.

„Досега, околу 20% од кредитното портфолио на ПроКредит Банка е пласирано во зелени кредити, податок на кој ние како банка ориентирана кон одржливо работење, сме особено горди. Ако сето ова го интерпретираме низ ефектот врз животната средина, избегнавме емисија на 18.000 тони CO2, еквивалентно со отстранување на 9.200 возила од сообраќај за една година– вели Емилија Спировска од Управниот одбор на ПроКредит Банка, додавајќи дека соодветна проценка на еколошкиот ризик при соработката со секој клиент е задолжителна, со цел да се избегне пласирање на средства во еколошко или социјално неподобни проекти.

Со поддршка на инвестиции во обновливи извори на енергија и општествено одговорни бизниси, пласирање на поволни кредити, банките веќе ги поттикнуваат бизнис клиенти да ја ограничат нивната зависност од фосилни горива и да преминат кон одржливи деловни модели.

„Заради нашата проактивна и советодавна улога, компаниите кои се клиенти на ПроКредит Банка инвестираат во фотоволтаични централи за сопствена употреба дури три пати повеќе во однос на останатите компании на пазарот. Така, до сега имаме финансирано преку 120 фотоволтаични централи поставени на кров со преку 40 МВ инсталиран капацитет.“ – истакнува Спировска.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg