Тања Бошковиќ: Режисер е измислена професија од оние кои што немале дар, а сакале да бидат актери
- Детали
- четврток, 23 март 2023
Важеше за најубава актерка во Југославија, а убавината ја задржа и во седмата деценија. Кога Тања Бошковиќ на почетокот од својата кариера во средината на седумдесетите, се качувала по скалите на дубровничкиот Страдун, глумејќи ја Пина во филмот„Окупација во 26 слики“, нејзините колеги Франо Ласиќ и Милан Штрљиќ го губеле здивот.
Замислете само што му се случувало на Мија Алексиќ при снимањето на „Човекот со четири нозе“, каде Даша цело време се шетала облечена само во пешкир за бришење раце, или пак на Драган Николиќ во „Балкан експрес“ кој бил принуден токму со Лили да го тамани фашистичкиот окупатор, играјќи го со неа „тангото на смртта“!? Без сомнение, првиот синоним кога ќе се спомене нејзиното име е - божица на еротиката во југословенската кинематографија.
По подолга пауза, барeм кога се македонските медиуми во прашање, Тања ексклузивно зборуваше за единствениот естраден магазин Бекстејџ, а што таа кажа погледнете во видеото: