Скопски моден фестивал од трети ноември во Скопје Сити Мол

Втората сезона на манифестацијата ќе се одвива вкупно десет дена на нова локација во трговскиот центар, со три ревиски гала вечери и ексклузивен изложбен салон, за претставување на колекциите на учесниците од земјата и странство.

skopski-moden-festival-od-treti-noemvri-vo-skopje-siti-mol-01.jpg

„Can you feel the light?“ e слоганот под кој на почетокот од месец ноември ќе отпочне второто издание на Скопски моден фестивал, забавна манифестација за љубителите на дизајнот, културата и уметноста во метрополата. Домаќин и партнер во реализацијата на манифестацијата е повторно трговскиот центар Скопје Сити Мол, каде во рамки на десетдневната програма, посетителите ќе имаат единствена можност, премиерно да ги видат последните модни колекции на низа млади и етаблирани дизајнери од земјата и странство, македонски и интернационални брендови, како и престижни школи.

skopski-moden-festival-od-treti-noemvri-vo-skopje-siti-mol-02.jpg

Скопски моден фестивал свечено ќе се отвори со коктел гала и музички спектакл. Првите три вечери се резервирани за модни ревии и перформанси, кои се закажани на 03.11 (четврток), 04.11 (петок) и 05.11 (сабота). Два дена подоцна, на 07.11 (понеделник), вниманието се сели во ексклузивниот изложбен салон на првиот кат во трговскиот центар, каде одблизу ќе може да се погледнат, одберат или нарачаат оригиналните креации на фестивалските учесници. Надвор од официјалниот дел, свое претставување пред присутните ќе имаат и реномирани артисти.

skopski-moden-festival-od-treti-noemvri-vo-skopje-siti-mol-03.jpg

„Она што стихиски бликна како искра надеж на модната сцена минатата пролет, овојпат се снопови светлина, коишто во ноевмри ќе блеснат во полн спектар пред гостите на фестивалот. Впрочем, тоа беше и ни останува мисијата нам како организатори во соработка со Скопје Сити Мол. Да покренеме вистинска прослава на модата и уметноста во градот, доближувајќи ги нејзините создавачи до што поголема бројка на публика. Шоуто мора да продолжи.“ – истакнува Милан Атанасов, креативен директор на настанот.

skopski-moden-festival-od-treti-noemvri-vo-skopje-siti-mol-04.jpg

Заштитнo лицe на втората сезона e актерката Миа Жиро, на која ѝ беше доверена главната улога во најавното видео за фестивалот, снимено под режисерска палка на Ангела Стојковска. Наменски за пригодата се искомбинирани облека и додатоци од македонскиот бренд КТН и познатиот дизајнер Роберт Ивановски. Како стилист на кампањата се потпишува Ангелина Китановска, за шминката е заслужна визажистката Сашка Мирчевска – Sashions, додека фризурата е дело на Стефан Спасовски. Промотивните фотографии ги изработи дуото Frozen Time Drops. Миа Жиро е модел во модната агенција ZOA.

skopski-moden-festival-od-treti-noemvri-vo-skopje-siti-mol-05.jpg

За сите новитети и изненадувања поврзани со имињата на „модните протагонисти“ во пресрет на манифестацијата, јавноста тековно ќе биде информирана преку социјалните медиуми на Скопски моден фестивал и Скопје Сити Мол. Настанот е во организација и продукција на MAX Management Inc. Можете ли да ја почувствувате светлината?!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg