CRNOBELO.com на Exit во Нови Сад – каква беше атмосферата на првиот ден? (фото)
- Детали
- петок, 08 јули 2022
Со Иги Азелија и Афроџек на главната бина, но и традионалниот огномет на полноќ, вчера започна познатиот музички фестивал EXIT – CRNOBELO.com ја пренесува атмосферата од првиот ден.
Вчера, 07 јули, започна овогодишното издание на EXIT – еден од најпознатите музички фестивали во Европа.
Портите од Петроварадинска тврдина во Нови Сад се отворија во 19 часот, а организаторите очекуваат во четирите денови додека трае фестивалот, да биде посетен од над 200.000 луѓе.
Првата вечер на главната бина настапија Иги Азелија и Афроџек, а традиционално на полноќ имаше и огномет со кој се означува почетокот на фестивалот.
Покрај бројните големи имиња од светската музичка сцена, годинава ќе настапуваат и многу музичари од околните Србија, Босна, Хрватска...
CRNOBELO.com ја пренесува атмосферата од првиот ден:
фото: Никола Спасеноски