Се одржа петтата регионална конференција за жени „Профемина 2021“: Убавината, здравјето, негата и сè што е важно за жената!
- Детали
- петок, 10 декември 2021
Во средата, на 8 декември, успешно се одржа петтото издание на регионалната конференција за жени „Профемина“, во организација на „Колор медиа плус“, издавачот на највлијателниот женски магазин „Убавина и здравје“.
Во точно 10 часот, вратите на хотелот Double Tree by Hilton Skopje се отворија за посетителите на „Профемина 2021“, кои побрзаа да си го зафатат своето место и да ги проследат интересните содржини, чиј акцент повторно беше ставен на убавината, здравјето, негата и на сè друго што е од исклучителна важност за жената.
Традиционално, како и секоја година, Јована Стојменовиќ, главната и одговорна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“, свечено го отвори настанот, поздравувајќи ги многубројните гости, неговите поддржувачи, и учесниците во шесте панел-дискусии и трите студии на случај, на кои во улога на модератори се појавија Билјана Дебарлиева, Милена Антовска Станковска, Ана Зафирова, Марјана Станојковска и Ведрана Ѓорѓевиќ, а во улога на панелисти врвни експерти во областа на здравјето, убавината, бизнисот и финансиите.
За време на конференцијата, беше претставена и новата онлајн-продавница на брендот создаден од страна на магазинот „Убавина и здравје“ - shop.ubavinaizdravje.mk, каде што може да се најдат квалитетни парчиња облека, создадени од жени за жените, од U&Z Brands и бразилскиот премиум-бренд Caju Brasil.
„Профемина 2021“ се заокружи со доделување богати и корисни подароци од страна на поддржувачите на настанот и организаторот, кој и оваа година се погрижи сите посетители да заминат среќни, исполнети, инспирирани и збогатени со нови знаења и информации.